Илија Марков, познат како Дедо Иљо Малешевски или Иљо Војвода (28 мај 1822, Берово — 17 април 1898, Ќустендил) — македонски ајдутски и востанички војвода.Кресна и РазлогСознанија за Дедо Иљо МалешевскиЗоран Тодоровски, Војводата Дедо Иљо Малешевски во архивската документиција, "Војводата Дедо Иљо Малешевски и неговото време", Берово 2000,128-129A certificate, issued by the Field Quarters of the Russian Army in the field, decorating the Bulgarian voyvoda Iliya Markov (Grandfather Ilyo) with a Russian medal. December 4th, 1878 "A number of Bulgarian volunteers took part in the 1877-1878 war...their voivods were: Ilyo Markov, D Trifonov, G. Pulevski..." a document of a Russian officer in the 1877-1878 Russo-Turkish war (1904) Болгарское ополчение и земское воиску (in Russian), p.56-59.Панайот Хитов, "Моето пътуване по Стара планина и животопис на някои български стари и нови войводи", II изд., с. 85-87(English: Panayot Hitov, "My journey along Stara planina and biographies of some Bulgarian old and new voivods" p. 85-87)Коте Попстоянов "Тридесет години назад. Исторически записки по първото македонско въстание през 1876 г." (English: Kote Popstoyanov, "Thirty years ago. Chronicles of the first macedonian uprising in 1876") Кон средината на XIX век, создал ајдутска дружина и дејствувал во областа на Источна Македонија, главно во Малешевијата. Во летото 1859 година преминал во Србија. Во оружениот судир помеѓу Србите и Османлиите во Белград (5 јуни 1862) предводел 400 македонски доброволци во т.н. Иљова легија или Македонски одред.Македонска енциклопедија
Учествувал со македонски доброволци во Српско-турската војна во составот на Руско-македонскиот баталјон. Бил тешко ранет и се лекувал во Србија, а потоа заминал во Романија. Со македонски доброволци (ополченци) се борел и во Руско-турската војна во ослободувањето на Бугарија. Се истакнал во борбите на Шипка.
По ослободувањето на Ќустендил, со 150 македонски доброволци се одвоил од руската армија и учествувал во востаничкиот продор во Пијанец. Со своја чета од 200 до 300 востаници учествувал во Македонското востание. Опеан е во народните песни.
Потекло
Малешево
Иљо Марков води потекло од Малешево, познато како Малеш, Малешевија и сл. Малешево е затворена планинаска котлина во горниот тек на реката Брегалница. На исток се наоѓа планината Кадилица која ја оделува Малешевската котлина од долината Струма. На југ се издига Плачковица која е висока 1754 м. Малешево со околните планини создало добри услови за дејствување на ајдутите. Пошумените планини биле добро засолништво.
Малешево било познато уште во средниот век. Во еден документ на византискиот цар Василиј II се спомнува Малесован (Малешево) како област која влегувала во Моровиздската епископија. Во некои од списоците на Охридската архиепископија од XI и XII век, Моровиздската епископија се именува како Малешевска (i Malesova), a епископот како малешевски (malesovis). Од овие податоци укажуваат дека во Малешево било развиено христијанството и под јурисдикција на Охридската архиепископија, каква била состојбата во наредните векови не е познато поради недостаток на податоци.
Во османлискиот период, Малешево било махија (реон) и било составен дел од каза (околија). Во третата четвртина на XIX век, неколку малешевски села влегувале во Ќустендилската каза, која била составен дел од Нишкиот вилает. По 1880 година, овие села биле приклучени во Кочанската Каза, а кон крајот на XIX век била создадена одела Пехчевска, односна Малешевска каза, која во одреден период влегувала во рамките на Солунскиот Санџак.
Берово
За историјата на Берово, родното место на Иљо, се знае мошне малку. Според Ј. Павловиќ името на Берово има врска со името на некој сточар Беро или Бероње, чие име произлегува од името Берислав или Берое. Меѓу селата Работо и Мачево се наоѓа Берова Ливада, каде што во минатото имало сточарска колиба и пасишта за стоката, кои веројатно биле во сопственост на споменатиот Беро. Според некои истарѓувачи, Беро заедно со други сточари се населил на местото на денешното Берово, каде што формирале големо село кое со текот на времето прераснало во гратче уште пред доаѓањето на Османлиите во Македонија. Во текот на османлиското владеење, Пехчево бил османлиски административен центар, а Берово бил центар на христијанскиот народен дух, отпор и просвета.
Според податоците објавени од Стефан Верковиќ, во втората половина на XIX век Малешевската каза влегувале следните населени места: Пештово, Негрево, Смоово, Својмирово, Мачово, Чифличе, Митрохи, Митрошинци, Владмирово, Русенодинча (Родмерци), Ратово, Берово, Пештово, Умлене и Радово, Според една статистика од крајот на XIX век, Пехчевската (Малешевска) каза се состоела од три реони: Малешево, Пијанец и Осоговија со 45 села. Според овие податоци, Берово имало 2300 жители.
Семеен род
Според Ј. Џ. Васиљевиќ семејството Иљо припаѓало на родот Мутракинови, кои се викале Кализовци и Маркови. П. Хитов истакнува дека таткото на Иљо се викал Марко, а по него се нарекол Марков. В. Стојанов го именувал како Иљо Марков. Во документите од 60-тите години на XIX век е именуван како капетан Иљо, а потоа како дедо Иљо. Се сретнува и како Кара Иљо, Иљо Малешевски и сл. Во постарата литература се сретнува како Иљо Војвода.
Рани години
300px|мини|десно|Рилски манастир Во постарата литература како дата на раѓање на Иљо Малешевски е наведена 1805 година, меѓутоа во 1867 година Васил Д. Стојанов запишал дека таа година Иљо имал 45 години, од што произлегува дека е роден во 1822 година. Според Ј. Х. Васиљевиќ, Иљо во 1865 година имал најмногу 50 години, односно дека е роден во 1815 година.
Во конзуларните извештаи од 1860-1862 година се наведува дека Иљо имал една ќерка од околу 10 години и два малолетни сина од околу 5 до 8 години. Од овој податок може да се заклучи дека Иљо веќе околу 12 до 15 години бил оженет. Во едно писмо на неговата жена Стојанка - Цона напишано во околу 1860 година, која исто така потекнувала од Берово, пишува дека таа се омажила пред 11 години, односно околу 1849 година.
Пред своето одметнување, Иљо се занимавл со земјоделство и други општи работи во Берово и низ Македонија. Во зима и напролет, тој организирал по малешевските и околните села - аргати и аргатки и како нивни впредводник во летото ги водел на работа по големите чифлици во Скопското и Серското поле. Уште во овој период, Иљо бил шетан човек, познавал повеќе луѓе и се научил и свикнал да предводи луѓе, да се расправа со османлиските бегови и да се пресметува со рабојниците. Иако бил неписмен, оставал впечаток на просветен човек. Бил великодушен, полн, широкограден и јак, средно восок со јуначко тело. Според еден негово современик, Иљо имал:
... долги црни коси, црн мустак, испечено лице, орлов нос, долгунесто лице, јасно и убаво чело и големи црни очи, мил поглед...
Постојат повеќе верзии за годината и причините за одметнувањето на Иљо. Според една од верзиите, Иљо пред да стане ајдутин, при спасувањето на својата сестра од потурчување, убил еден од Турците и се засолнил во Рилскиот манастир, каде што станал чувар на манастирските имоти. Две години по враќањето на Иљо од Рилскиот манастир, некои од беровските Турци и беровскиот буљукбашија Габо Парамун решиле да се пресметаат со него затоа што сметале дека тој ги извршил сите убиства на Турците и сите палежи во Берово.
Во Берово се раскажувала дека неговиот постари брат Станко бил скаран со еден Турчин, поради некоја нерасчистена сметка од собирањето на десетокот, кои тие заедно го го вршеле. Според писмото на Цона, судирот настанал поради тоа што кога Иљо побарал од бајракатарот Мехемед да му ги плати трите оки на масло што му ги дал Иљо на вересија, тој се налутил и решил да го убие. Односно не една, туку повеќе причини биле потик Турците да ги нападнат Иљо и неговиот брат Станко на нивата каде што работеле, кај местото Селце. Во текот на нападот Станко бил смртно ранет, а Иљо во десната рака. Станко пред да умре успеал да убие еден од напаѓачите. Судирот се пренел во колибата изградена во нивата, каде што Иљо го заклал буљукбашијата Габа, а убил и двјца сејмени , по што усепал да избега ранет. По овој настан Иљо станал ајдутин.
Повеќето автори кои пишувале за животот на овој македонски ајдутин се согласуваат дека убиството на неговиот брат е причината за неговото одметнување, меѓутоа во историската литература се сретнуваат различни години. Најверојатно одметнувањето на Иљо се случило по неговата женидба со Цола. Таа во едно писмо истакнува дека:
... пред 11 години го зедов за стопан Илија Марков и родив со него три деца (Никола, Јован и една девојка). Кога дојде лани Зејнел паша во Ќустендил... мене со трите деца ме пратија во Ќустендил во затворот, каде што седам една година и просиме да се храниме со децата...
Според рускиот конзул Н. Геров, Зејнел паша го посетил Ќустендил во 1859 година. Отука произлегува дека Иљо се оженил со Цона во 1849 година и една година подоцна се одметнал. Ликвидирањето на Турците од страна на Иљо имало голем одглас кај народот. Кај него пристигнувале повеќе луѓе за да станат ајдути или да побараат помош.
Ајдутство
200п|мини|лево|Ќустендилмини|десно|240п|Дедо Иљо во ајдутска носија Од бројните незадоволни луѓе, Иљо избрал 15 души и ја формирал својата ајдучка дружина со свое знаме кое имало сива боја. Прв негов бајрактар бил Стојмен кој се истакнал со својата храброст и доследност. Како последен негов бајрактар се спомнува Ценко Грленецот. Иљо имал и сопствен печат со натписот:
Капитан Иљо Марков
Меѓутоа не е позната годината од која го користел овој печат. За другите соборци на Иљо многу малку се знае. Тој 3 до 4 пати формирал нова дружина, но се познати имињата на ајдутите од неговата прва дружина. Во неa влегувале: Стоимен, Мито Заго, Ѓорѓи Голчо, Ѓорѓи Попчев, Станко Парата, Димитрија, Стојко, Ѓорѓи, Шестопрст, Чангуљ, Демир и др. Како пријатели на Иљо се споменуваат: Ристе од Разловци, Димитрија (Демир) од Русиново, Ѓорѓи Ајката и др. Од сите овие десетмина се од Берово. Отука во народните песни се пее дека: идат ајдути, ајдути беровци.
Во литертаурата може да се сртене дека во дружината на Иљо имало и Турци, а според некои автори, Иљо за да му даде општонароден карактер на бунтот и за да ги чува христијаните од нападите на муслиманите, на некои од своите ајдути им дал турски имиња или прекари.: Димитар - Демир, Атанас - Џафер, Димо, Димитрија - Ченгул, Ристе - Џабире и слично.
Учество во балканските национални борби мини|лево|200п|Споменик на Чукур чешмамини|десно|240п|Иљо во 1862 година Во 1860 година, Иљо со својата чета се префрлил во Србија, каде нашол погодна почва дејствување. Кнезот Михајло Обреновиќ III од Србија направил центар на востаничката и националната активност на Балканот Guy Gauthier, Les Aigles at les Lions, Histoire des monarchies balkaniques, Éditions France-Empire, 1996. Во 1861 година се вклучил во Првата бугарска легија и станал помошник на Георги Раковски при воената подготовка на Легијата. На 3 јуни 1862 година, на Чукур чешма дошло до инцидент помеѓу турското и српското население, а Османлиите го бомбардирале Белград. Во борбите, Иљо војвода се истакнал со својата храброст и му било доверено знамето на Легијата.
По растурањето на Легијата од српската влада, Иљо со дел од своите ајдути заминал за Крагуевац. Кога османлиските власти разбрале за неговото учество во борбите во Белград, повторно го уапсиле неговото семејство и го затвориле во Скопје. Неговото смејство било посетено од бугарскиот просветен деец Најден Геров, кој им помогнал.
По 2 години престој во Крагуевац, Иљо се вратил во Белград, каде што бил награден од Михајло Обреновиќ III со ореден и титула, а му била доделена и пензија од 150 динари. Зел активно учество со чета од 300 луѓе, заедно со своите синови Никола и Иван, во Српско-турската војна од 1876-78 година.