Сатурн LXI, привремено познат како S/2004 S 30, е природен сателит на Сатурн. Неговото откритие беше објавено од Скот С. Шепард, Дејвид К. Џуит и Јан Клејна на 7 октомври 2019 година од набљудувања направени помеѓу 12 декември 2004 и 21 март 2007 годинаSaturn Moons .
Сатурн LXI е со пречник од околу 4 километри и кружи околу Сатурн на просечно растојание од 20,396 Gm за 1087,84 дена, на 157,5° до еклиптиката, во повратна насока и со ексцентричност од 0,113.
Поради грешка во првичното објавување на S/2004 S 30, тој беше објавен од Minor Planet Center со точно иста орбита како S/2004 S 25.
Проблемот беше коригиран подоцна истиот ден.
Наводи
Категорија:Нордиска група Категорија:Неправилни месечини Категорија:Сатурнови месечини Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Астрономски тела откриени во 2019 година Категорија:Месечини со повратна орбита