Сојузот на Македонците (старо, Коинон тон Македонон) ― конфедеративно организирана комонвелтска установа (регионална држава или коинон.) која се состоела од сите македонски заедници обединети околу еден владетел.. Може да се спореди со Сојузот на Молосите, но се чини дека македонскиот сојуз имал многу помала моќ од оној на Молосите. Главен град или седиште на македонскиот сојуз бил градот Бероја..

Историја И нумизматичките и натписните докази сведочат за постоењето на македонскиот сојуз пред и по римското освојување на Македонија.. Ковањето монети во името на „Македонците“ (т.е. ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ) било во постојано производство од времето на владеењето на Филип V (вл. 238–179 п.н.е.) и на Персеј (вл. 212–166 п.н.е.) до римскиот период. Таа била преорганизирана во времето на раната Римска Империја и претворена во установа поврзана со императорскиот култ како што се случило со сите сојузи од тој период.

Сојузот, управуван од членовите на месната елита, организирал и финансирал игри и фестивали и биле доделувани со римско државјанство. Користејќи ги традиционалните етнички симболи прикажани на неговите монети, како што се македонскиот штит и крилестиот гром, сојузот го зачувал чувството за македонски граѓански идентитет во провинцијата до крајот на II век од нашата ера. Последното потврдување на лице „етнички“ идентификувано како Македонец е датирано во почетокот на IV век од нашата ера..

Поврзано Македонијарх Список на македонијарси

Наводи

Цитати

Извори

Категорија:Антигонидска династија Категорија:Македонија (римска провинција) Категорија:Античка Македонија Категорија:Македонски установи