539 п.н.е. Персискиот цар Кир од Ахеменидската династија го освоил Вавилон. 1492 Прочуениот Италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргнал со три брода : „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“. Во текот на патувањето ги открил Куба и Хаити, каде што оставил дел од своите луѓе и се вратил во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одел на слични патувања. 1822 Бразил се стекнува со независност. Дотогаш оваа земја била португалска колонија. 1941 Во Прилеп, бугарската полиција уапсила 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето биле издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и префрлени во Битола, а потоа изведени пред суд. 1941 На денешен и утрешен ден, германските нацисти стрелале 11.000 Евреи во Днепропетровск, Украина. 1964 СССР го лансирал вселенскиот брод „Восход-1“ со пилотот Владимир Комаров, научникот Константин Феоктисов и лекарот Борис Егоров. 1969 СССР го лансирал вселенскиот брод „Сојуз-7“ со екипаж од три члена, кои во вселената се сретнале со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод „Сојуз-6“. 1994 Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започнала изградбата на железничката пруга Куманово - Бељаковци - Деве Баир. Започнат како брзо решение против блокадата кон Србија и Грција, проектот не е завршен ни по 14 години. 1995 На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија била премина во редовно членство. 1999 На овој ден е прогласено раѓањето на 6-милијардитиот жител на планетата Земја. 12 октомври
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 12 октомври (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.