мини|Јонас Бјоркман на УС Опен во 2008 година Јонас Ларс Бјоркман (23 март 1972) — поранешен шведски професионален тенисер. Тој е поранешен светски бр. 1 во двојки - парови, а исто така поранешен светски бр.4 во поединечна конкуренција. Бјоркман се повлекол од професионалниот тенис откако се натпреварувал на првенството во двојки на тенискиот Мастерс куп во 2008 година. Почнувајќи од 2019 година, тој е рангиран во првите 40 на сите времиња на листата на заработка на АТП со над 14,5 милиони долари.http://www.protennislive.com/posting/ramr/career_prize.pdf

На 20 ноември 2006 година, тој го заменил Дик Норман како најстар играч во топ 100 на АТП (поединечна конкуренција) кога Норман за последен пат испаднал од топ 100. На 9 јуни 2008 година, на возраст од 36 години и 2 месеци, Бјоркман бил на листата, но набрзо бил истиснат од Фабрис Санторо.

Бјоркман има долгорочни успешни партнерства во двојки (парови) со Јан Апел, Жако Елтинг, Никлас Култи, Макс Мирни, Патрик Рафтер, Кевин Улиет и Тод Вудбриџ. Тој има освоено во својата кариера вкупно 9 Грен слем турнири.

Биографија Синот на тенискиот тренер и поштар Ларс Бјоркман, Јонас почнал да игра тенис на шестгодишна возраст. На 18 години, тој го освоил шведското јуниорско првенство и бил меѓу топ 5 шведски јуниорски играчи. Тој се оженил со Петра на 2 декември 2000 година во Стокхолм, и заедно го имаат синот Макс (роден на 15 јануари 2003 година).

Тој игра тенис со десна рака и има особено добри резултати против играчите кои играат со левата рака. Јонас тврди дека тоа е затоа што неговиот татко игра со лева рака и му служи како спаринг-партнер за вежбање.

Кариера Тој станал професионалец во 1991 година. Во 1993 година, освоил три титули во поединечна конкуренција на Челинџер турнирите. Во 1994 година освоил седум титули во двојки, вклучувајќи го и Светското првенство на АТП турнирот во Џакарта (Индонезиоја). Во 1995 година, успеал да стигне до своето прво АТП финале во кариерата во Хонгконг. Во 1997 година, Бјоркман станал деветтиот шведски тенисер кој завршил во топ 10 на АТП и тоа на местото број 4. Таа година се пласирал во своето прво Гренд слем полуфинале и тоа на УС Опен, победувајќи ги Франциско Клавет, Тод Мартин, Густаво Куертен, Скот Дрејпер и во четврт-финалето Петр Корда пред да загуби од Грег Руседски. На Австралија Опен во 1998 година, ја освоил својата прва Грен слем титула во двојки во кариерата. Во 2000 година тој завршил во топ 50 во поединечна конкуренција и тоа по петти пат во последните седум години.

Во својата АТП кариера, Јонас освоил шест титули во поединечна конкуренција и 54 титули во двојки, од кои дури девет биле со Грен слем тежина.

Бјоркман го имал својот прв настап во Дејвис купот во 1994 година и оттогаш играл редовно за својата Шведска. Тој има постигнато рекорд во настапите од Дејвис купот од 21 настап и 14 победи во двојки и рекорд од 14 настапи и 9 победи во поединечна конкуренција. Тој бил член на шведските шампионски тимови во Дејвис купот во 1994, 1997 и 1998 година.

Во 2002 година, Бјоркман го освоил Нотингем Опен победувајќи го Вејн Артурс во финалето, меѓутоа, на Вимблдон, тој налетал на првиот носител Лејтон Хјуит во првото коло.Bjorkman in Wimbledon warning to Hewitt - theage.com.au Бјоркман бил поразен од Хјуит кој подоцна го има освоено турнирот во Вимблдон.Hewitt wins first-round scrap with Swede - smh.com.au

На Вимблдон 2006 година, тој неочекувано се пласирал во полуфиналето во поединечна конкуренција и тоа на 34-годишна возраст, што го прави најстариот играч што стигнал до таму на турнирот по легендата Џими Конорс во 1987 година. Тој успеал претходно само еднаш да влезе во четвртфиналето во поединечна конкуренција и тоа во 2003 година. Таа година бил победен од 14-тиот носител Радек Штепанек во натпревар кој вклучувал голема неизвесност. Претходно го победил својот партнер во двојки Макс Мирњи како и Томас Јохансон, Лукаш Длоухи и Даниеле Брачали. Во 2006 година во полуфиналето тој го налетал на светскиот рекет број 1 и бранител на титулата Роџер Федерер кој бил премногу добар и секако успеал да го победи Јонас со 6–2, 6–0, 6–2 во сетови. Кога Џон Мекинро го објавил своето официјално враќање на АТП про турнирите во 2006 година, тој се здружил со Бјоркман за да може да ја освои титулата во двојки на SAP Open во градот Сан Хосе.

За време на Вимблдон во 2008 година, Јонас објавил дека тој турнир ќе му биде последен Вимблдон бидејќи планира да се пензионира на крајот од сезоната. Иако тој бил исфрлен уште во првото коло во поединечна конкуренција, Бјоркман успеал заедно со Кевин Улиет да стигне до финалето каде биле поразени од вторите носители Даниел Нестор и Ненад Зимонјиќ. Тој по крајот на тоа финале добил огромни овации и пристојно збогување за неговата долга кариера на Вимблдон.

Бјоркман се повлекол од професионалниот тенис, откако со неговиот партнер Улиет не успеале да се квалификуваат за полуфиналето во двојки на тенискиот Мастерс куп во 2008 година.

На 2 октомври 2013 година, тој најавил враќање на турнирите и тоа за почеток „If Stockholm Open“, добивајќи вајлд-карта (слободна карта за настап) во пар со сонародникот Роберт Линдштет.

Бјоркман во 2015 година настапувал како танчер во Летс Денс 2015.

Тренирање десно|мини| Мареј со новиот тренер Јонас Бјоркман за време на тренинзите на првенството во Аегон 2015 година Енди Мареј го приклучил Бјоркман во неговиот тренерски штаб во март 2015 година за почеток на петнеделна проба за да помогне во периодот кога тренерката Амели Мауресмо била отсутна, бидејќи се согласила да работи со него за период од 25 недели.https://www.telegraph.co.uk/sport/tennis/andymurray/11464204/Andy-Murray-to-hire-Jonas-Bjorkman-when-hes-finished-with-Swedens-answer-to-Strictly-Come-Dancing.html Сепак, на крајот на Австралија опен, Мауресмо го известила Мареј дека е бремена и тој објавил на крајот на април дека Бјоркман ќе биде негов главен тренер за целата сезона на трева и на целиот настап на американските тврди терени. Мауресмо би била присутна во тимот на Мареј само за турнирот во Вимблдон.https://www.theguardian.com/sport/2015/apr/26/andy-murray-jonas-bjorkman-coach Јонас Бјоркман му се приклучил на тимот на Мареј во април 2015 година, помагајќи му на Енди да победи на БМВ Опен во Минхен, неговата прва титула на земјени терени.Andy Murray: Jonas Bjorkman to help Scot be more aggressive Потоа, Мареј ја освоил својата прва титула на Мастерс 1000 на земјена подлога во Мадрид. Во јуни 2015 година, Бјоркман го тренирал Енди Мареј на КвинсAndy Murray column: Winning titles & testing Bjorkman каде што на крајот ја освоил својата четврта титула во Квинс Клубот на првенството во Аегон.Andy Murray wins fourth Queen's Club title with two wins in a day Во средината на декември 2015 година, Мареј одлучил да не го продолжува договорот со Бјоркман. Швеѓанецот, кој се приклучил во тимот на светскиот рекет број 2 во 2015 година, ја презел тренерската функција во последните четири месеци од сезоната во отсуство на првиот тренер Амели Мауресмо, но потоа немало да биде дел од тимот.https://www.independent.co.uk/sport/tennis/andy-murray-splits-with-assistant-coach-jonas-bjorkman-a6776296.html

Големи натпревари

Грен слем финалиња

Двојки: 15 натпревари (9 победи и 6 порази) резултатигодинапрвенствоподлогапартнер во двојкипротивницирезултатПораз1994Франција опен Ролан Гарос Земја Јан Апел Бајрон Блек Џонатан Старк4–6, 6–7Пораз1997САД опенТврда Никлас Култи Јевгени Кафелников Даниел Вацек6–7(8–10), 3–6Победа1998АвстралијаопенТврда Јако Елтинг Тод Вудбриџ Марк Вудфорд6–2, 5–7, 2–6, 6–4, 6–3Победа1999Австралија опен (2)Тврда Патрик Рафтер Маеш Бупати Леандер Паес6–3, 4–6, 6–4, 6–7(10–12), 6–4Победа2001Австралија опен (3)Тврда Тод Вудбриџ Бајрон Блек Давид Приносил6–1, 5–7, 6–4, 6–4Победа2002ВимблдонТрева Тод Вудбриџ Марк Кноулес Даниел Нестор6–1, 6–2, 6–7(7–9), 7–5Победа2003Вимблдон (2)Трева Тод Вудбриџ Маеш Бупати Макс Мирни3–6, 6–3, 7–6(7–4), 6–3Победа2003САД опенТврда Тод Вудбриџ Боб Брајан Мајк Брајан5–7, 6–0, 7–5Победа2004Вимблдон (3)Трева Тод Вудбриџ Џулијан Кноули Ненад Зимониќ6–1, 6–4, 4–6, 6–4Победа2005Франција опен Земја Макс Мирни Боб Брајан Мајк Брајан2–6, 6–1, 6–4Пораз2005САД опен (2)Тврда Макс Мирни Боб Брајан Мајк Брајан1–6, 4–6Победа2006Франција опен (2)Земја Макс Мирни Боб Брајан Мајк Брајан6–7(5–7), 6–4, 7–5Пораз2006САД опен (3)Тврда Макс Мирни Мартин Дам Леандер Паес7–6(7–5), 4–6, 3–6Пораз2007Австралија опенТврда Макс Мирни Боб Брајан Мајк Брајан5–7, 5–7Пораз2008ВимблдонТрева Кевин Улјет Даниел Нестор Ненад Зимониќ6–7(12–14), 7–6(7–3), 3–6, 3–6

Мешани двојки: 2 (2 второпласирани) Резултат година првенство Површина Партнер Противниците Резултат Загуба 1999 година Вимблдон Трева Ана Курникова Леандер Паес Лиза Рејмонд 4–6, 6–3, 3–6 Загуба 2007 година Вимблдон (2) Трева Алиша Молик Џејми Мареј Јелена Јанковиќ 4–6, 6–3, 1–6

Финале на Мастерс серијата

Сингл: 1 (1 второпласиран) Резултат година првенство Површина Противник Резултат Загуба 1997 година Мастерс во Париз Тепих синтелон (i) Пит Сампрас 3–6, 6–4, 3–6, 1–6

Финалиња во кариерата

Сингл: 11 (6 победи и 5 порази) Легенда Грен слем (0–0) Мастерс куп во тенис (0–0) Мастерс серија на АТП (0–1) Злато од меѓународна серија (1–0) АТП турнири (5–4) Резултат П–З Датум Турнир Површина Противник Резултат Загуба 0–1 април 1995 Хонгконг Тврда Мајкл Чанг 3–6, 1–6 Победи 1–1 јануари 1997 Окленд, Нов Зеланд Тврда Кенет Карлсен 7–6 (9–7), 6–0 Загуба 1–2 мај 1997 Корал Спрингс, САД Земја Џејсон Столтенберг 0–6, 6–2, 5–7 Победи 2–2 август 1997 Индијанаполис, САД Тврда Карлос Моја 6–3, 7–6 (7–3) Загуба 2–3 октомври 1997 Париз, Франција Тепих - синтелон (i) Пит Сампрас 3–6, 6–4, 3–6, 1–6 Победи 3–3 ноември 1997 Стокхолм, Шведска Тврда(i) Јан Зимеринк 3–6, 7–6 (7–5), 6–2, 6–4 Победи 4–3 јуни 1998 Нотингем, Велика Британија Трева Бајрон Блек 6–3, 6–2 Победи 5–3 јуни 2002 Нотингем, Велика Британија Трева Вејн Артурс 6–2, 6–7, 6–2 Загуба 5–4 февруари 2003 Марсеј, Франција Тврда (i) Роџер Федерер 2–6, 6–7 (6–8) Победи 6–4 септември 2005 Сити Хо Ши Мин, Виетнам Тепих - синтелон(i) Радек Штепанек 6–3, 7–6 (7–4) Загуба 6–5 јуни 2006 Нотингем, Велика Британија Трева Ришар Гаске 4–6, 3–6

Двојки: 97 (54 победи и 43 порази) Легенда Грен слем (9 победи и 6 порази) Мастерс куп во тенис (2 победи и 0 порази) Мастерс серија на АТП (15 победи и 10 порази) Злато од меѓународна серија (2 победи и 6 порази) АТП турнеја (26 победи и 21 пораз) Наслови по површина победи спрема порази Тврда (27–28) Земја (15-5) Трева (6-5) Тепих Синтелон (6–5) Поединечна конкуренција