десно|мини| Поедноставен дијаграм на магнетното поле во биполарно активно подрачје. Активно подрачје е привремено подрачје во атмосферата на Сонцето кое се одликува со силно и сложено магнетно поле. Ваквите подрачја се често поврзувани со сончевите дамки и најчесто ги предизвикуваат силните ерупции како: коронарните исфрлања на маса и сончевите блесоци. Бројот и местоположбата на активните подрачја на сончевиот диск во даден момент зависи од сончевиот циклус.

Нумерирање на подрачјата На новозабележаните активни подрачја на сончевиот диск им се доделуваат 4-цифрени броеви од страна на Центарот за времнска прогноза во вселената (SWPC) на денот кога е за прв пат забележано. Броевите се доделуваат редоследно; на пример, ако се забележи активно подрачје по она означено како 8090 (или AR8090), на тоа подрачје му се доделува бројот AR8091.

Бројот на активни подрачја во јули 2002 година надминал 10.000, но сепак, SWPC продолжила да користи 4-цифрени броеви, со додавање на нули пред бројот.

Сончеви дамки десно|мини| Активно подрачје на кое се гледа група од сончеви дамки.

Силниот магнетен флукс кој го има во активните подрачја, честопати е доволно силен за да ја попречува конвекцијата (предавање на топлина од едно тело на друго преку струење на некој флуид). Без конвекцијата која ја пренесува енергијата од внатрешноста на Сонцето до фотосферата, се намалува површинската температура, а се намалува и интензитетот на зрачењето на црното тело. Овие места на поладна плазма се познати како сончеви дамки и често се појавуваат во групи. Но, не сите активни подрачја имаат сончеви дамки."Solar Region Summary | NOAA / NWS Space Weather Prediction Center". www.swpc.noaa.gov. Retrieved 4 November 2021.

Поврзано Список на сончеви циклуси Список на сончеви бури Магнетен облак Орбитирачка сончева опсерваторија Група Фебус, меѓународни научници кои имаат за цел да ги откријат сончевите режими Сончева и хелиосферска опсерваторија

Наводи

Категорија:Сончеви појави