Паско Климев Павлески (1924 во Ботун, охридско — 7 септември во Белчишта, охридско) македонски партизан. Учесник во НОБ.
Животопис Паско Климев Павлески е роден во охридското село Ботун. По занимање бил трговец. Во НОБ се приклучил доброволно во август 1943 година. Како борец на баталјонот Мирче Ацев, загинува во борбата со италијанските сили кај селото Белчишта на 7 септември 1943 година.
Наводи
Категорија:Родени во 1924 година Категорија:Починати во 1943 година Категорија:Учесници во НОБ