Св. Константин и Елена — православна манастирска црква кај велешкото село Свеќани, Општина Чашка. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Првичната црква датира од крајот на IX до почетокот на X век. Проучена е археолошки во 1965 г. Во првата фаза била еднокорабна црква без купола со ниска однадвор полукружна апсида. Во втората градежна фаза коработ на храмот е значително издолжен на запад. Откриен е фрагмент од натпис со кирилски и глаголски букви според кој е датиран првиот храм. Првиот слој фрески е од X, а авториот од XIII век.

Во 1930-тите е изграден нов храм. Остатоците од првиот храм сочинуваат свое археолошко наоѓалиште со назив Панаѓуриште.

Поврзано Повардарска епархија Велешко архијерејско намесништво

Наводи