Свети Никола или Свети Талалеј – главна селска црква во селото Добромири.
Местоположба Црквата е сместена во непосредна близина на сретселото.
Историја Црквата била изградена во 1886 година, по што била разрушена и обновена во 1926 година, а дообновена во 1951 година. Внатрешноста била зографисана во 2001 година.„Добромири “. Мој Роден Крај.
Архитектура Градбата на црквата е правоаголна со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна. Храмот има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со застаклена фреска на којашто е прикажан Свети Талалеј. Непосредно пред главниот влез на црквата се издига камбанаријата којашто во горниот дел има по една отворена монофора на секоја страна. Внатрешноста на храмот е делумно зографисана, а во горните делови од ѕидовите се закачени ѕвезди, што ја симболизира небесната шир. Иконостасот има еден ред со икони над ѓаконските порти и царските двери, но бројни икони се закачени и во неговите долни делови.
Во дворот на црквата се наоѓаат селските гробишта и помошен објект.
Галерија
Поврзано Добромири Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Новачка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Добромири Добромири Добромири