Руменче Серафимов Наумоски (15 декември 1919 во Сливово, Охридско — 6 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Руменче Серафимов Наумоски е роден во селото Сливово. Се занимавал со земјоделство. Како прогресивен младинец, бил печалбар во Белград, се пројавува уште во стара Југославија. Во НОБ доброволно пристапува на 5 август 1943 година. Како борец на баталјонот Мирче Ацев, загинал во битката против балистите кај селото Кленоец, на 6 октомври 1943 година.

Наводи

Категорија:Родени во 1919 година Категорија:Починати во 1943 година Категорија:Учесници во НОБ