мини|Томас Јохансон Карл Томас Кони Јохан (24 март 1975) е шведски пензиониран професионален тенисер и тренер. На 10 мај 2002 година, тој го достигнал 7то место на светско рангирање во поединечна конкуренција на Здружението на тениски професионалци (ATP). Најдобрите моменти во неговата кариера во поединечна конкуренција вклучуваат Гренд слем титула на Австралија Опен во 2002 година и титула на АТП Мастерс турнирите и тоа на Мастерсот во Канада во 1999 година. Тој, исто така, освоил и сребрен медал на Летните олимписки игри 2008 во конкуренција на машки двојки, каде партнер му бил Сајмон Аспелин.
Почнувајќи од јули 2021 година, Јохансон е последниот Швеѓанец кој победил голем турнир во поединечна конкуренција.
Карл бил тренер на Дејвид Гофин и тоа до крајот на 2020 година.
Тениска кариера
Јуниори Јохансон почнал да игра тенис на петгодишна возраст со својот татко Кристер. Во 1989 година, станал европски шампион до 14 годишна возраст во поединечна конкуренција и ја освоил титулата во двојки (заедно со Магнус Норман). Дури и кога го повредил десниот лакт додека играл на тенискиот турнир во Оринџ Боул на позраст 16 години во 1991 година, тој собрал сили и сепак успеал да стигне до финалето, губејќи од Шпанецот Гонсало Коралес. Заврши на 10то место на светската јуниорска ранг-листа во 1993 година.
Професионална кариера Истата таа 1993 година тој се приклучил на професионалните турнири, но сепак станал професионалец дури следната година. Тој успеал да освои 9 титули на највисоко ниво во поединечна конкуренција и 1 титула во двојки, вклучително и Мастерсот во Канада во 1999 година кога го победил светскиот рекет број 4 во тоа време Јевгени Кафелников. Подоцна неочекувано го освоил Австралија опен во 2002 година (додека претходно никогаш не напредувал повеќе од четвртфинале во неговите претходни 24 Гренд слемови) откако ги победил Јакобо Дијаз, Маркус Хипфл, Јунес Ел Ајнауи, Адријан Воинеа, Јонас Бјоркман и Јиржи Новак пред да успее да го победи големиот противник во финалето, Марат Сафин, и тоа во четири сета. Јохансон станал првиот шведски играч кој освоил Гренд Слем откако Стефан Едберг ја освоил титулата на САД Опен во 1992 година. Карл бил и првиот Швеѓанец кој се искачил на највисокото место на Австралија Опен како по неговиот идол од детството Матс Виландер. Виландер тоа го сторил во 1988 година.
Повредата на коленото на Јохансон му претставувала голема пречка во половина од сезоната 2002 и скоро целата 2003 година, и затоа тој не бил во можност да се натпреварува во полн капацитет дури до почетокот на 2004 година. Многу луѓе не биле сигурни дека Јохансон ќе може повторно да се натпреварува поради сериозноста на повредата. Во 2005 година, тој се вратил и станал првиот шведски играч кој стигнал до полуфиналето на Вимблдон секако по легендата Едберг од 1993 година. До полуфиналето тој имал загубено само еден сет, а во полуфиналето загубил од вториот носител Енди Родик во четири сетови кој траел 2 часа и 59 минути, а резултатот бил 7–6 (8–6), 2–6, 6–7 (8–10), 6–7 (5–7).
При крајот на сезоната, Јохансон ја освоил својата 9та и последна титула на АТП турнирот во Санкт Петербург, победувајќи го Николас Кифер.
Во 2006 година, Швеѓанецот се мачел низ целата сезона откако на почетокот од истата претрпел нова повреда, овојпат на окото. Најдобрите моменти во сезоната му биле стигнувањето до 4то коло на Австралија опен (каде што загубил од хрватот Иван Љубичиќ). Неговата прва титула во двојки му била во Баштад, Шведска со сонародникот Јонас Бјоркман. Подоцна тој го загубил турнирот во Санкт Петербург, иако бил бранител од претходната сезона загубил од Марио Анчиќ.
На Летните олимписки игри во Пекинг 2008 година стигнал до финалето во двојки со Сајмон Аспелин, каде што загубил од швајцарскиот тим составен од Роџер Федерер и Станислас Вавринка губејќи во 4 сета.
Од 6 март 2009 година, тој го држи рекордот во Дејвис купот во својата кариерата, а тоа бил 18 одиграни натпревари и 15 победи, а во поединечна конкуренција имал резултат од 17 одиграни и само 12 загубени натпревари. Тој играл за Шведска секоја година освен 2003 година (кога бил надвор од терените поради повреда скоро цела сезона). За својата земја играл од 1998 година. Карл во кариерата имал вкупен резултат од 356 одиграни натпревари и од нив 292 победи.
Тој се пензионирал во јуни 2009 година по 15годишна успешна кариера.
Личен живот Неговиот идол додека растел бил Матс Виландер, кој бил капитен на шведскиот Дејвис куп тим. Карл бил исто така и добар играч на голф и флорбал (хокеј на тврда подлога), како и љубител на хокеј на мраз. Тој постигнал два гола и асистирал за уште еден во победата со резултат од 6–5 на АТП ѕвездите против играчите на Националната хокеарска лига во хокеј на мраз. Овој настан се играл на улиците на Монтреал во 2001 година. Се оженил со Жизела Калтенчер на 3 декември 2005 година.
Опрема Карл е спонзориран од фирмата Dunlop Sport и тоа за рекети и спортска облека како и од адидас за спортски патики. Тој користел силно модифициран Dunlop Pro Revelation рекет „paintjobbed“.
Значајни финалиња
Грен слем финалиња
Поединечна конкуренција: 1 (1 титула) Исход Година Првенство Површина Противник Резултат Победа 2002 година Австралија опен Тврда Марат Сафин 3–6, 6–4, 6–4, 7–6 (7–4)
Финале на АТП Мастерс турнири
Сингл: 1 (1 титула) Исход Година Првенство Површина Противник Резултат Победа 1999 година Мастерс во Канада Тврда Јевгени Кафелников 1–6, 6–3, 6–3
Олимпијада
Двојки (парови): 1 (1 сребро) Резултат година Турнир Површина Партнер Противници Резултат Сребрена 2008 година Олимпијада во Пекинг ТврдаСимон Аспелин Роџер Федерер Стен Вавринка 3–6, 4–6, 7–6 (7–4), 3–6
Финалиња во кариерата на АТП
Сингл: 14 (9 титули, 5 второпласиран) Легенда Грен слем турнири (1–0) Финале на светски турнири на АТП (0–0) АТП светски турнири Мастерс 1000 (1–0) АТП светски турнири 500 серија (0–0) АТП светски турнири 250 серија (7–5) Финале на различна подлога Тврда (4–2) Земја (0-0) Трева (2-1) Тепих - синтелон (3–2) Резултат Победа/Пораз Датум Турнир Површина Противник Резултат Победа 1–0 март 1997 година Копенхаген, Данска Тепих - синтелон (i) Мартин Дам 6–4, 3–6, 6–2 Победа 2–0 март 1997 година Санкт Петербург, Русија Тепих - синтелон (i) Ренцо Фурлан 6–3, 6–4 Пораз 2–1 март 1998 година Ротердам, Холандија Тепих - синтелон(i) Јан Зимеринк 6–7 (2–7), 2–6 Пораз 2–2 ноември 1998 година Стокхолм, Шведска Тврда (i) Тод Мартин 3–6, 4–6, 4–6 Победа 3–2 август 1999 година Монтреал, Канада Тврда Јевгени Кафелников 1–6, 6–3, 6–3 Победа 4–2 ноември 2000 година Стокхолм, Шведска Тврда (i) Јевгени Кафелников 6–2, 6–4, 6–4 Победа 5–2 јуни 2001 година Хале, Германија Трева Фабрис Санторо 6–3, 6–7 (5–7), 6–2 Победа 6–2 јуни 2001 година Нотингем, Велика Британија Трева Харел Леви 7–5, 6–3 Победа 7–2 јануари 2002 година Австралија опен, Австралија Тврда Марат Сафин 3–6, 6–4, 6–4, 7–6 (7–4) Пораз 7–3 јуни 2004 година Нотингем, Велика Британија Трева Парадорн Срихафан 6–1, 6–7 (4–7), 3–6 Победа 8–3 октомври 2004 година Стокхолм, Шведска Тврда (i) Андре Агаси 3–6, 6–3, 7–6 (7–4) Победа 9–3 октомври 2005 година Санкт Петербург, Русија Тепих - синтелон (i) Николас Кифер 6–4, 6–2 Пораз 9–4 октомври 2006 година Санкт Петербург, Русија Тепих - синтелон(i) Марио Анчиќ 5–7, 6–7 (2–7) Пораз 9–5 октомври 2007 година Стокхолм, Шведска Тврда (i) Иво Карловиќ 3–6, 6–3, 1–6
Двојки: 2 (1 титула, 1 вицешампион) Легенда Грен слем турнири (0–0) Финале на светската турнеја на АТП (0–0) АТП светска турнеја Мастерс 1000 (0–0) Летни олимписки игри (0–1) АТП светска турнеја 500 серија (0–0) АТП светска турнеја 250 серија (1–0) Финалиња на различни подлоги Тврда(0–1) Земја(1-0) Трева (0-0) Тепих - синтелон (0–0) Резултат Победа/Пораз Датум Турнир Површина Партнер Противници Резултат Победа 1–0 јули 2006 година Бастад, Шведска Земја Јонас Бјоркман Кристофер Кас Оливер Марах 6-3, 4-6, [10-4] Пораз 1–1 август 2008 година Летни олимписки игри, Кина Тврда Симон АспелинРоџер Федерер Станислас Вавринка 3–6, 4–6, 7–6 (7–4), 3–6
Временски рокови за изведба
Слободни Натпреварите од Дејвис купот се вклучени во статистиката. Професионална КариераТурнири19931994199519961997199819992000200120022003200420052006200720082009SRПобеда–ПоразГренд слем турнириАвстралија опенапстиненција1 колоапстиненција2 коло2 коло1 коло1 коло2 коло3 колопобедаапстиненција1 коло4 коло4 коло2 коло1 колоапстиненција1 / 1319–12Франција опенапстиненцијаквалификации 1 коло1 коло2 коло1 коло1 колоапстиненција2 коло1 коло2 колоапстиненцијаапстиненција2 коло1 коло1 коло1 колоапстиненција0 / 114–11Вимблдонапстиненцијаапстиненцијаапстиненција4 коло2 коло3 коло2 коло4 коло2 коло1 колоапстиненција3 колополу финале1 коло1 коло2 колоапстиненција0 / 1219–12САД опенапстиненцијаквалификации 2 колоапстиненција2 коло1 колочетврт финалеапстиненцијачетврт финале4 колоапстиненцијаапстиненција3 коло2 коло1 коло3 коло1 колоапстиненција0 / 1017–10победи - порази0–00–10–16–42–46–41–29–46–48–20–04–310–43–43–41–40–01 / 4659–45Година и првенстваТенис Мастерс купНе се квалификувалRRНе се квалификувал0 / 10–1АТП Светски турнир Мастерс 1000Индијанс Велс Мастерсапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција2 коло2 коло2 коло1 колоапстиненција2 коло2 колоапстиненција3 коло2 колоапстиненција0 / 87–8Мајами Мастерсапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција2 коло1 коло4 коло4 колоапстиненција1 колочетврт финалеапстиненција2 коло3 колокавлификации 1 коло0 / 810–8Монте Карло Мастерсапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција1 коло1 коло1 коло1 коло1 колочетврт финалеапстиненцијаапстиненција1 колоапстиненција1 колоапстиненцијаапстиненција0 / 83–8Хамбург Мастерсапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција1 коло1 колочетврт финале2 колоапстиненцијаапстиненција1 коло1 колоапстиненцијаапстиненцијаNMS0 / 64–6Рим Мастерсапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција2 коло1 коло1 коло1 коло1 коло1 колоапстиненцијаапстиненција2 коло2 колоапстиненцијаапстиненцијаапстиненција0 / 83–8Канада Мастерсапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијапобеда2 коло2 коло2 колоапстиненцијаполу финале2 коло3 колоапстиненција2 колоапстиненција1 / 817–7Синсинати Мастерсапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција2 колочетврт финале1 коло1 коло1 коло1 колоапстиненција2R1 коло1 колоапстиненција1 колоапстиненција0 / 105–10Мадрид Мастерсне е одржан турнирот3 колоапстиненцијаапстиненција3 колоапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција0 / 22–2Штутгард Мастерсапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција1 коло3 коло1 коло2 коло2 колоне е одржан турнирот0 / 53–5Париз Мастерсапстиненцијаапстиненцијаапстиненцијаапстиненција2 коло2 коло1 колоапстиненцијачетврт финале3 колоапстиненција1 коло3 коло2 колоквалификации 2 колоAA0 / 87–8победи - порази0–00–00–00–03–56–57–83–89–99–90–06–57–94–53–34–40–01 / 7161–70Статистика за кариераФиналиња0000221121021110014Титули000020112101100009Тврда Победи - порази0–00–10–113–1015–1324–1316–1317–1726–1617–120–019–1319–145–719–1410–120–0200–156Земја победи - порази0–00–10–14–51–62–61–71–54–57–70–01–28–61–64–53–70–037–69Трева победи - порази0–00–00–04–21–34–31–13–311–12–20–06–310–30–30–32–30–046–30Тепих - синтелон победи - порази2–10–01–17–415–515–94–41–15–33–30–03–39–24–24–20–01–174–41Сооднос победи и порази2–10–21–328–2132–2745–3122–2522–2646–2529–240–029–2148–2510–1827–2415–221–1357–296победи во проценти67%0%25%57%54%59%47%46%65%55%–58%66%36%53%41%50%54.67%Годишен пласман42248611760391739391814–30137162136601
Топ 10 победи Сезона 1993 година 1994 година 1995 година 1996 година 1997 година 1998 година 1999 година 2000 година 2001 година 2002 година 2003 година 2004 година 2005 година 2006 година 2007 година 2008 година 2009 година Вкупно Победи 0 0 0 1 0 6 2 4 6 0 0 2 3 0 2 1 0 27 #ИграчиРангиран