мини|Пинцета Пинцета () — вид на алатка - фаќалка.Група аутора, Мала енциклопедија Просвета, Просвета, Београд, 1959. Се состои од два еластични лоста меѓусебно поврзани од едната страна со нивните краеви. Пинцетите се користат за фаќање мали предмети, како и за оние што не треба да се допираат со раце.Група аутора, Енциклопедија лексикографског завода, Југословенски лексикографски завод, Загреб, 1962.г.
Историја на пинцетата Пинцетите се развиле од машите кои биле до огништата и шпоретите и со кои се прифаќале запалени и врели предмети во и околу огнот. Спаѓаат во рани медицински инструменти. Пронајдени се при многу археолошки ископувања кои датираат од времето пред нашата ера. Ги де Шолијак (втора половина на XIV век) ги советува хирурзите „со себе да носат“, покрај лекови, меѓу шесте хируршки инструменти и пинцета.Станојевић В, Историја медицине, Медицинска књига, Београд-Загреб, 1953.г.
Принципот на работа со пинцети Пинцетата е еден вид лост од трета класа. Се состои од два еластични краци поврзани во една точка - т.н. потпора. Прстите на раката се притискаат во средината на еластичните краци, со приближување кон кои индиректно, а не со рацете, се прифаќаат предмети.Група аутора, Практичар, Школска књига, Загреб, 1971.г.
Видови и употреба на пинцети Хируршки инструмент за фаќање ткиво Анатомска пинцета без заби Козметички уред (кубење веѓи) Пинцета во електронски и други индустрии Пинцета во филателијата и нумизматиката Пинцета во печатарство со која се извлекуваат букви и тенки празни места
Наводи
Категорија:Алати Категорија:Медицинска опрема Категорија:Хируршки инструменти Категорија:Галицизми