Општина Храстник (словенечки: Občina Hrastnik) — општина во средна Словенија. Седиште на општината е градот Храстник. Областа е дел од историскиот регион Штаерска. Денес е дел од Засавскиот статистички регион.
Сместена во долината на мала притока на реката Сава, областа е позната по своите богати наоѓалишта на јаглен. Ископувањето јаглен во областа започнало во 1804 година. Околните врвови ги вклучуваат планината Кум (1220 m), планината Мрзлица (1122 m) и ридот Копитник (910 m). Областа околу Копитник е заштитена како природен резерват. Животински видови како што се големиот тетреб и дивокозата живеат во околните шуми.
Населени места Покрај општинското седиште Храстник, општината ги опфаќа и следните населени места: Бобен Брдце Брница Горе Дол кај Храстник Кал Ковк Криштандол Крнице Марно Плеско Подкрај Прапретно кај Храстник Студенце Турје Унично Чече Шавна Печ
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Храстник на Geopedia
Категорија:Општина Храстник Категорија:Општини во Словенија Категорија:Засавски статистички регион