Основно училиште „Славко Лумбарковски“ (официјално: Подрачно основно училиште „Славко Лумбарковски“ - Бач; скратено: ПОУ „Славко Лумбарковски“) — подрачно основно училиште во селото Бач, составен дел на истоименото училиште во селото Новаци, Општина Новаци.

Училиштето е именувано по македонскиот народен борец Славко Лумбарковски.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, во непосредна близина на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“.

Објект

Објектот на училиштето бил изграден во 1962 година и зафаќа површина од 732 м2.„Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 9-10.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.„Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 7. Наставата се изведува во една смена.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Новаци Бач Категорија:Бач