алт=Ајда Матон Ida Matton|мини|Ајда Матон Ајда Елизабет Матон (1863–1940), била шведска вајарка.
Биографија Матон е родена на 24 февруари 1863 година во Јевле. Студирала на Кралскиот технолошки институт во Стокхолм. Потоа отпатувала во Париз за да го продолжи своето образование. Таму таа присуствувала на Академијата Колароси и Академијата Јулијан.
Во 1888 година таа правела изложби во парискиот салон. Таа продолжила да ги носи своите дела на изложби во Европа; во 1896 година во Салонот на Француските уметници во Париз, во 1987 година на Уметничката изложба во Стокхолм, во 1900 година на Експозицијата Универзела и во 1901 година на Уметничката изложба во Гефле.
Таа исто така ги изложувала своите дела во Палатата на ликовните уметности на светската колумбиска изложба во 1893 година во Чикаго, Илиноис.
Во 1914 година, со избувнувањето на Првата светска војна, Матон се вратила во Шведска. Таа се повторно тргнала накај Париз по војната, а потоа се вратила дома во Јевле во 1932 година.
Матон починала на 7 јули 1940 година во Јевле. Нејзиниот извајан портрет на жена е во колекцијата на Националниот музеј во Стокхолм.
Галерија
Наводи
Категорија:Починати во 1940 година Категорија:Родени во 1863 година Категорија:Шведски уметници