Медалот за заслуги за Македонија — македонско одликување кое го доделува претседателот на Македонија на физички и правни лица за значајни придонеси во развојот и афирмацијата на Република Македонија во сите области на животот и работата, како и за развивање на пријателски односи меѓу Република Македонија и други држави, меѓународни органи, организации или асоцијации.https://pretsedatel.mk/wp-content/uploads/2020/03/Zakon-za-odlikuvanja-i-priznanija.pdf
Особености Медалот за заслуги за Македонија има основна кружна форма со димензии од 40мм. Три милиметри надвор од левата страна над габаритот излегува венецот од дабови гранки. На левата страна има стилизиран венец од житен клас. Во централниот дел се издигнува апликација на географските контури на Република Македонија, а под него е испишано „Република Македонија“.
Медалот е изработен од сребро или патинирана бронза во техниката ковање. Медалот се носи на соодветна триаголна лента и има минијатурна лента.
Секој медал има соодветна кутија која одговара на димензиите на одликвуањето. На поклопецот на кутијата со златовтиснување е името на одликвуањето. Лентите за ордените се изработени од маорирана свила во пропишаната боја и димензија.
Критериуми Медалот за заслуги за Македонија според Законот за одликувања и признанија на Република Македонија се доделува на:
физички и правни лица за постигнати резултати кои придонесуваат за значаен развој и афирмација на Република Македонија во сите области на животот и работата, како и за развивање на пријателски односи меѓу Република Македонија и други држави, меѓународни органи, организации или асоцијации. https://pretsedatel.mk/wp-content/uploads/2020/03/Zakon-za-odlikuvanja-i-priznanija.pdf
Добитници
Име и Презиме Година на одликување Напомена Франтишек Вацлав Мареш 2007 Академик Влоѓимјеж Пјанка 2007 Академик Нуло Миниси 2007 Академик Хораст Плант 2007 Академик Иван Доровски 2007 Академик Рина Усикова 2007 Академик Благоја Дрнков 2008 за уметнички и културни достигнувања од областа на фотографијата и кинематографијата Горан Калоѓера 2008 професор на Универзитетот во Риека, Хрватска Слободан Ценов 2008 Шампион во Крводарителство Борис Јанев 2008 Шампион во Крводарителство Глигор Делев 2008 Втор Македонец на Монт Еверест Ацо Алексоски 2008 Шампион во Крводарителство Миливој Јанковски 2008 Шампион во Крводарителство Рамадан Телкиу 2008 Шампион во Крводарителство Димитар Илиевски - Мурато 2008 Прв Македонец на Монт Еверест Енио Мориконе 2009 италијански филмски композитор Кијоши Мизуно 2011 почесен генерален конзул на Република Македонија во Јапонија Јованка Смилевска 2013за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Австралија Дијана Стерјовска 2013за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Австралија Виолета Јовановска 2013за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Австралија Зоран Бечваровски 2013за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Австралија Зоран Ќосески 2013за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Австралија Борис Начов 2013за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со САД Мајк Зафировски 2013за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со САД Ферид Мурад 2013за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со САД Коста Гас Стенвик 2013за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Канада Ангел Митревски 2013за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Хрватска Владимир Ралев 2013за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Хрватска Павле Велков 2013за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Швајцарија Илона Захариева 2013за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Италија Елена Верижникова 2014водечки специјалист по македонски јазик во Русија Анка Гиева, Виолета Томовска 2022за афирмација на македонката песна Љупчо Бубо Каров, Бранко Огњановски и Васко Тодоров 2023 од познатото шоу К-15
Белешки
Категорија:Македонски ордени и одликувања Категорија:Појавено во 2007 година во Македонија Категорија:Медал за заслуги за Македонија