Никола Илиев Дескоски (1926 во Злести, Охридско — 10 октомври 1944 во Радолишта, Струшко) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Никола Илиев Дескоски е роден во селото Злести. Се занимавал со земјоделие. Во НОБ пристапува на 5 август 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада загинува во борбите против германците што ја водат единиците на НОБ, кај селото Радолишта, на 10 октомври 1944 година.

Поврзано

Јоне Дескоски Нада Десковска Деско Десковски Благоја Дескоски

Наводи

Категорија:Родени во 1926 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Учесници во НОБ