Сетебос е еден од најоддалечените повратни неправилни сателити на Уран .Откриен бил на 18 јули 1999 година од Џон Ј. Кавеларс. и привремено бил означен како S/1999 U 1. лево|мини| Анимација од слики направени при неговото откривање направени во јули 1999 година Потврден како Уран XIX, овој сателит е именуван е по богот од Калибан и Сикоракс во драмата од Вилијам Шекспир - „Бура“ .

Орбиталните параметри наведуваат дека можеби припаѓа на истото динамично јато како и Сикоракс и Просперо, што укажува на тоа дека имаат заедничко потекло. Но, ваквото стојалиште не се совпаѓа со неговите забележани бои. Сателитот кога е осветлен има неутрална (сива) боја (боен показател BV=0,77, RV=0,35), слична на Просперо, но различна од Сикоракс (кој е светло црвен).

Кратерот на Умбриел е исто така наречен по Сетебос, но се пишува поинаку како Сетибос.

Поврзано Месечини на Уран Неправилни сателити

Надворешни врски Профил на Сетебос (од Истражувањето на Сончевиот Систем на НАСА) Страници од Дејвид Евреи Познати сателити на Уран (од Скот С. Шепард )

Наводи

Категорија:Астрономски тела откриени во 1999 година Категорија:Неправилни месечини Категорија:Уранови месечини Категорија:Месечини со повратна орбита