мини|Маркус Даниелсон игра за Ѓургарден Маркус Андреас Даниелсон (8 април 1989) е професионален шведски фудбалер кој играл на позицијата дефанзивец, одбранбен играч во кинеската супер лига за клубот Далиан Професионал и за Фудбалската репрезентацијата на Шведска.
Клупска кариера
Почетна кариера Даниелсон играл за фудбалскиот клуб ИФК Ескилстуна. Се натпреварувал во четвртата шведска лига, а подоцна се префрлил да игра за екипата од првата шведска лига за тимот на Хелсингборг ИФ и тоа некаде во летото 2007 година. Во Хелсингборг ИФ се обидувал да се пробие во првиот тим, но безуспешно и подоцна клубот му дозволил слободно да премине во третолигашкиот клуб Вестерос СК. Тоа го сторил на 27 јули 2009 година.
Вестерос СК Даниелсон добил значително повеќе време за игра во новиот клуб Вестерос СК и во сезоната во лигата 2010 бил составен дел од првиот тимот што успеал да ја освои титулата во дивизијата и да обезбеди место во втората шведска лига, лигата Суперетан. Клубот имал проблеми во втората лига и на крајот од лигашката сезона во 2011 година испаднал и повторно заминал во лигата од трет ранг. Додека бил во клубот на Вестерос, Даниелсон играл на позицијата централен бек заедно со неговиот иден тимски колега од репрезентацијата на Шведска, Виктор Нилсон Линделеф.
ГИФ Сундсвал На 8 февруари 2012 година, Даниелсон се префрлил во новопромовираниот клуб со високи дострели ГИФ Сундсвал кој штотуку успеал да влезе во Алсвенскан 2012 година, во првата шведска лига. Тој го одиграл својот прв натпревар во првата лига на 31 март 2012 година во поразот со 1:0 од тимот на Калмар ФФ. Клубот испаднал на крајот на сезоната откако загубил во плеј-офот за испаѓање од тимот на Халмштад БК. Даниелсон останал во клубот, кој на крајот од идната сезона завршил како втор во втората лига Суперетан во 2014 година и повторно се вратил во најсилната лига на Шведска, во Алсвенскан лигата.
Ѓургарден ИФ На 12 февруари 2018 година, Даниелсон потпишал за првиот тим, член на првата лига, за Ѓургарден ИФ. Првиот натпревар за тимот го одиграл на 1 април 2018 година против екипата на Естерсунд ФК, постигнувајќи го единствениот гол на натпреварот.
На 10 мај 2018 година, Даниелсон играл на натпреварот на Ѓургарден против тимот на Малме ФФ во финалето на Купот на Шведска.http://dif.se/djurgarden-cupmastare-malmo-kordes-over/ Тој натпревар завршил со резултат 3:0 за тимот на Ѓургарден.
Во 2018 година одиграл вкупно 27 натпревари и бил избран за најкорисен играч во лигата кога тимот на Ѓургарден го освоил првенството на Шведска, Алсвенскан во 2019 година.
Далиан Професионал На 28 февруари 2020 година, Даниелсон станал најскапиот играч на Ѓургарден со трансферот, кога заминал во кинескиот клуб Далиан Професионал со седиште во градот Далиан. Сумата која била исплатена била повеќе од 50 милиони СЕК. (шведски круни)
Својот прв натпревар за Далиан го одиграл на 26 јули 2020 година, постигнувајќи гол во поразот со 2:3 од Шандон Луненг. Во неговиот втор натпревар за клубот, тој добил црвен картон кога го направил, но и го признал пеналот во нерешениот резултат од 1–1 против тимот на Хенан Џиание.
Меѓународна кариера
Почетна кариера На 7 октомври 2019 година, Даниелсон бил повикан во Фудбалската репрезентацијата на Шведска за квалификациските натпревари за УЕФА ЕВРО 2020 против тимот на Малта и тимот на Шпанија како замена за повредениот централен играч од одбраната Понтус Јансон. На првиот натпревар против Малта тој постигнал гол од корнер на само десет минути од влегувањето во игра. Натпреварот завршил со резултат од 4:0. На 14 ноември 2020 година, тој го постигнал својот втор меѓународен гол во победата од 2:1 против тимот на Хрватска во Лигата на нации од групата А на УЕФА 2020–21. Својот трет гол на меѓународен натпревар за екипата на Шведска го постигнал на пријателскиот натпревар со Ерменија на 5 јуни 2021 година.
УЕФА Евро 2020 Даниелсон бил повикан во тимот на Шведска за УЕФА ЕВРО 2020 во мај 2021 година (ова натпреварување се одржало по една година од стандардниот термин поради проблемот со корона кризата), и започнал на сите три натпревари од групната фаза заедно со Виктор Линделеф на позицијата среден бек. На 29 јуни 2021 година, Даниелсон бил исклучен во натпреварот од осминафиналето против тимот на Украина по тежок прекршок над Артем Бесједин. Шведска била елиминирана од првенството во игра на продолженијата поради претходно нерешениот резултат.
Статистика во кариерата
Клупска статистика
+Одиграни натпревари и постигнати голови по одиграни сезониКлубСезонаЛига, одиграни натпревари и постигнати головиНационален купКонтинетални натпревари ЕвропскиДруги натпревариВкупноЛигаНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиИФК Ескилстуна2006Дивизија 2 Остра Свеланд трета шведска лига–––2007Дивизија 2 Остра Свеланд–––Време32400––324Хелсинборг ИФ2008Алсвенсканпрва шведска лига0000––00Вестерос СК2009Дивизија 1 Нора12200––1222010Дивизија 1 Нора25500––2552011Суперетан втора лига30800––308Време671500––6715ГИФ Сандсвал2012Алсвенсканпрва шведска лига29120–203312013Алсвенсканпрва шведска лига29340–203542014Алсвенсканпрва шведска лига28100––2812015Алсвенсканпрва шведска лига8000––802016Алсвенсканпрва шведска лига30040––3402017Алсвенсканпрва шведска лига27510––2852018Алсвенсканпрва шведска лига0010––10Време15110120–4016710Ѓургарден ИФ2018Алсвенсканпрва шведска лига25220––2722019Алсвенсканпрва шведска лига2740020–294Време5262020–566Далиан Професионал2020Кинеска Супер лига11100–501612021Кинеска Супер лига5200––52Време16300–50213Вкупно во кариера31838140209034338
Меѓународна статистика 12 октомври 2021 +Настапи и голови во репрезентација по година Репрезентација Година Напревари Голови Шведска 2019 година 2 1 2020 година 5 1 2021 година 10 1 Вкупно 17 3 Меѓународни цели . 'натпревари и постигнати голови на Шведска и на играчот Број Дата Место на одржување Противник Резултат Резултат Тип на натпревар 1. 12 октомври 2019 година Национален стадион, Та' Кали, Малта 1–0 4–0 Квалификации за УЕФА ЕВРО 2020 2. 14 ноември 2020 година Френдс Арена, Солна,Шведска 2–0 2–1 2020–21 УЕФА Лига на нации група А 3. 5 јуни 2021 година Френдс Арена, Солна, Шведска 2–0 3–1 Пријателски
Наводи
Категорија:Фудбалери на ФК Даљен Аербин Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1989 година