мини| Редукција за пијано. Химната на Иран, или правилно насловена „Поздрав шаху“ (, Салам-е шах), исто така познат како „Здравјето на шахот“ (, Саламати-је шах) ― монархиска и државна химна на Каџарски Иран помеѓу 1873 и 1909 година. Францускиот музичар Алфред Жан Батист Лемер ја компонирал оваа химна во 1873 година по наредба на Насер ал-Дин Шах. Немала стихови. „Салам-е шах“ била свирена на службени церемонии за време на владеењето на Насер ал-Дин Шах, Мозафар ад-Дин Шах и Мохамад Али Шах. Била свирена и како персиска (иранска) државна химна за време на европските турнеи на Насер ал-Дин Шах и Мозафар ад-Дин Шах.
Во 1909 година, по падот на Мохамад Али Шах, химната била укината, и по крунисувањето на неговиот син и наследник Ахмад Шах во 1914 година, „Поздрав на возвишената држава Персија“ била усвоен како иранска државна химна.
Наводи
Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Национални симболи на Иран Категорија:Национални химни Категорија:Азиски химни Категорија:Ирански песни Категорија:Кралски химни Категорија:Композиции во а-мол