мини|225px|Корицата на првото издание, октомври 1873 Elle est retrouvée ! Quoi ? l'éternité. C'est la mer mêlée Au soleil. _______________________ Ја нашле, ви зборев! - Кого? - Вечност, неа! Тоа е ширно море под зраци што се леат. Délires (Бладања) препев: Влада Урошевиќ Престој во пеколот (француски: Une Saison en enfer) е книга на Артур Рембо напишана веројатно во периодот од април до август 1873 година, или уште поверојатно само комплетирана во овој период. Тој ја пишувал книгата во Рош, Ардените. Ова е единственото дело што е објавено од страна на самиот Рембо. Книгата извршила длабоко влијание врз многу подоцнежни писатели и уметници, а особено дејствувала како духовен предвесник на надреалистите.
Според одредени интерпретации и рецензии, првите посети на Рембо во Лондон кон крајот на 1872 година и самиот почеток на 1873 ќе го претворат младиот поет од редовен консумент на апсинт во незаситен пушач на опиум, премин што може и да го објасни контрастот меѓу халуционогениот видокруг на второто поглавје од Престојот во Пеколот познато како "Mauvais Sang" ("Валкана крв") и дури и најфантастичните стихови на претходното творештво на Рембо. Третото поглавје е наречено "Nuit de l'Enfer" ("Пеколна вечер") и претставува еден вид на овоземна, прочистена визија. Двата дела на четвртото поглавје (Vierge Folle - Лудата девица и Alchimie du Verbe - Алхемија на Зборот и двете поместени под заедничкото име Délires - Бладања) овој рафиниран стих го маскираат во вид на лична исповед. Бавно, но сигурно, останатите стихови го отсликуваат повредениот Рембо - деветнаесетгодишното момче што размислува за својата иднина; кратката воведна песна која најчесто се именува според својот почетен стих Jadis, si je me souviens bien... (Еднаш, ако сеќавањето ме служи добро...) веројатно е плод на оваа доцна сензибилност пројавена кај Рембо.
Надворешни врски
Целосен текст на книгата. Врски кон неколку оригинални манускрипти. „Престој во Пеколот“.
Категорија:Француска поезија Категорија:Француски книги Категорија:Дела на Артур Рембо Категорија:Книги од 1873 година