Св. Илија — православна црква во градот Радовиш, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Радовишкото архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е сместена на северозападниот крај на градот. Градена е од 1831 до 1859 г. Иконите се од XIX век, дело на непознат автор, иако дел од нив му се припишуваат на Крсте Зограф. Иконостасот е делумно изрезбан, а на царските двери, кои исто така се резбани, е означено дека се изработени во 1843 г. Храмот не е живописан.
Поврзано Брегалничка епархија Радовишко архијерејско намесништво
Наводи
Категорија:Цркви во Радовиш Радовиш