Успение на Пресвета Богородица — постара манастирска црква Пантелејскиот манастир во кочанското село Пантелеј, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во западниот дел на селото, од десната страна на асфалтниот пат кој продолжува кон Рајчани.

Историја

Изградена е во 1872 година под водство на игуменот Хаџи Харалампиј (иако самиот манастир е основан во 1864 година).

Во 2002 година црквата е обновена под надлежност на митрополитот Агатангел Брегалнички (подоцна Повардарски) поради оштетеноста на нејзината внатрешност.

Архитектура

Црквата е еднокорабна градба, сместена непосредно до главната црква „Св. Пантелејмон“.

Фрескоживопис

Живописана е истата година кога била изградена (1872 година) од самоковскиот зограф Захариј Доспевски. При обновата во 2002 година, црквата добила нови фрески од зографот Венко Цветков од Скопје.

На црквата има фрески и на западната фасада на црквата.

Икони и иконостас

Од 1872 година потекнуваат иконостасот и иконите.

При обновата во 2002 година е изработен нов резбан иконостас од копаничарот Слободан Димитров од Пробиштип, а фреските и иконите се дело на зографот Венко Цветков од Скопје.

Галерија

Поврзано Кочанско архијерејско намесништво Спанчевска парохија Пантелеј

Наводи

Надворешни врски

Пантелеј Категорија:Пантелејски манастир