Успение на Пресвета Богородица — црква во пробиштипското село Злетово. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Ова е главна црква во селото, како и главен храм на Злетовската парохија. Прогласена е за културно наследство на Македонија.

Историја

Постои несогласување во врска со годините на изградба на црквата поради тоа што таа претрпела неколку фази на преизградба. Првично била еднокорабна, од кршен камен и малтер. Од таа градба денес преостанува само полукружната апсида со зачуван стар живопис. Апсидата е вградена во новата градба, која исто така е еднокорабна, но потесна и подолга, градена од делкан камен со полукружен свод. Нартексот од западната страна и тремот од јужната се од третата градежна фаза од 1853 г.

Во преродбеничкиот период оваа црква била под врховенството на Бугарската егзархија, додека пак помалата црква „Св. Илија“ ја држеле српските црковни власти од Цариградската патријаршија.

Архитектура Фрескоживопис

Фрескоживописот од првата фаза е релативно добро зачуван. Според историчарот Коста Балабанов, тој е стилски близок на делата од првата половина на XVI век. Најблизок споредбен материјал е живописот во црквата „Св. Никола“ на Топличкиот манастир.

Иконостас

Иконите се од XIX век, дело на Анастас Зограф од Крушево.

Галерија

Поврзано Брегалничка епархија Штипско архијерејско намесништво Злетовска парохија

Наводи

Надворешни врски

Злетово Категорија:Злетово