Весна Димитрова-Бобевски (р. 2 мај 1966 година) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица која живее и работи во Велес.

Животопис Весна Димитрова - Бобевски е родена на 2 мај 1966 година во Велес. Дипломирала на академијата за драмски уметности во Софија, Бугарија во класата на Александар Илиев. Вработена е во народниот театар „Јордан Х.К.- Џинот“ од 1990 година. Особено значајна е нејзината улога Поликсена во „Дом за птици “ за која добива специјална награда од публика на фестивалот за античка драма Стоби. Значителни успеси постигнува и во филмската област каде што со својот филм „Пресвета Богородице спаси не“ ја претставува Македонија на фестивали во Источна Европа и има освоено две меѓународни награди. Бобевски учествувала и на фестивали во Њујорк, Монтреал, Берлин, Канада, Куба, Мароко, Италија, Ерменија, Украина, Русија, Белорусија итн. Има гостувано и низ многу театри во Македонија како што се: Штипскиот, Прилепскиот и Струмичкиот театар.

Бобевски е основач на аматерската театарска трупа „Словото“ со која подготвува претстави за млади и има учествувано на повеќе фестивали во и надвор од Македонија.

Филмографија Димитровска ги остварила филмските улоги: Година Филм Улога 1994 Проколнати ТВ-филм Даскалицата 1995 Заборавени ТВ-филм Асистентката 1998 Денес, утре ТВ-филм Службеничка 1998 На Балканот не се пие чај ТВ-филм 2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија 2002 Наше маало ТВ-серија Елвира 2003 Последниот фалцер ТВ-филм Дили 2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм Сара 2010 Жарче ТВ-филм Маќеата 2011 Турни ме да Кинисам ТВ-серија Кате 2011-2014 Македонски народни приказни ТВ-серија 2013 Старо купуем ТВ-филм 2013-2014 Тврдокорни ТВ-серија Бабицата Благица 2014 Приказни од животот ТВ-серија Ена 2015-2017 Македонски народни приказни ТВ-серија 2018 Заразената област Мара и Жарко ТВ-филм Мајката и Игор 2019 Донка ТВ-филм 2025 Македонски стари приказни ТВ-серија 2026 Враќање во иднината ТВ-серија

Театарски фестивали

Чувашка република во Чебоксар „Златен витез“ во градот Томск, западен Сибир „Радонеж“ во Москва, Русија „Магнификат“ во Минкс, Белорусија “Златна ракла“-Бугарија Cine Pobre Film Festival Prix Europa - Германија The world film festival - Канада WorldFest - Хјустон International Festival “Vidlunnya-2000” - Украина ATABAT- Мароко Festival di Viterbo - Италија Festival Teatro S'Arza-Сардинија - Италија „Golden Apricot” Yerevan International Film Festival - Ерменија Golden Rose - Швајцарија и други фестивали

Награди

Две меѓунарони награди во Русија и Белорусија за филмот „Пресвета Богородице спаси не“ Специјална награда од публиката за улогата Поликсена од „Дом за птици“ на Стоби во 2006 година. Деветоноемвриска награда од град Велес

Наводи

Надворешни врски

„Пресвета Богородице Спаси не“ играно –документарниот филм во конкуренција за награда Награди за филмот „Пресвета Богородице, спаси не“ Три децении со срце за „Словото“ Весна Димитрова Бобевски, Театар Словото,

Категорија:Родени во 1966 година Категорија:Глумици од Велес Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Југословенски Македонци