Св. Петар и Павле — црква во охридското село Мешеишта, Општина Дебрца, претставник на Македонската преродба и главен храм на Мешеишката парохија. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, изграден во 1899 година. На јужната врата се напишани имињата на зографите: Димитар, Ефтимиј и Ѓорѓи од мијачкото село Гари. Внатре има икони од XVII, XVIII и XIX век. Резбите во храмот се дело на Јаким Тодоров, исто така од Гари.

Поврзано Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво

Наводи

Мешеишта Категорија:Дела на Дебарската школа