Св. Богородица — црква во охридското село Волино, Општина Дебрца, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм сместен во југоисточниот дел на селото. Изградена е во 1900 г. Претставува еднокорабна градба со трансепт. Трите апсиди (од источна, јужната и северната стана) се петстрани. Иконите се изработени од зографите Крсте Николов Коловски и синот Рафаил Крстев Коловски од Лазарополе. Храмот е целосно живописан во 1942 г.
Поврзано Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво
Наводи
Волино Категорија:Дела на Дебарската школа