„Кој го украде златниот мачор?“ (италијански: Chi ha rubato il gatto d'oro) — роман за деца, дело на италијанските писатели Алесандро Гати и Давиде Моросиното и на илустраторот Стефано Туркони. Книгата е петти дел од серијалот „Мачки детективи“, а првобитно била објавена во 2013 година од издавачката куќа „Edizioni Piemme“ S.p.A.А. Гати - Д. Моросиното, Кој го украде златниот мачор? Скопје: Арс ламина - публикации, 2015.

Изданија на македонски јазик Книгата е издадена на македонски јазик во 2015 година од Арс ламина - публикации, како дел од едицијата „Бестселери за деца“. Преводот од италијански јазик го извршила Анета Симовска. Лектурата е дело на Јасмина Ѓоргиева, а техничкото уредување е направено во Арс Ламина - публикации. Книгата е отпечатена во печатницата „Бранко Гапо - графичко производство“ од Скопје, во тираж од илјада примероци. Таа има 120 страници, со формат од 12 x 20 сантиметри, каталогизирана е во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-229-939-6 (едицијата) и ISBN 978-608-229-929-7 (книгата).А. Гати - Д. Моросиното, Кој го украде златниот мачор? Скопје: Арс ламина - публикации, 2015.

Содржина Книгата има десет глави:А. Гати - Д. Моросиното, Кој го украде златниот мачор? Скопје: Арс ламина - публикации, 2015. Најмеките перници во Париз Исчезнувањето на златниот мачор Мустаќот на кралицата Тајната на Одета Марсејци за спасување Мистериозниот мачор Внимавај, Додо! Фатен на дело Кошмарен лајач Виновникот е секогаш...

Наводи

Категорија:Мачки детективи Категорија:Изданија на Арс Ламина - публикации Категорија:Појавено во 2015 година во Македонија Категорија:Книги од 2013 година Категорија:Италијански романи