Св. Архангел Михаил — манастирска црква во поречкото село Ореовец, Општина Македонски Брод. Му припаѓа на Бродското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.

Црквата е сместена меѓу Долни и Горни Ореовец. Изградена е во поствизантиски стил. Во неа стои натпис кој вели дека е живописана во 1595 г. за време на султанот Мехмед III и изгледа оваа година воедно се однесува и на нејзината изградба или обнова.Машниќ, М., Манастирот Ореоец, Скопје 2007, 57. Градбата претставува еднокорабен храм. Меѓу фреските се забележува портретот на Свети Климент Охридски. На зачуваниот иконостас од крајоѕ на XVI век е поставен голем резбан крст со Распетието. Над вратата на манастирскиот храм е зачуван уште еден натпис со годината 1602. Живописот е со висока уметничка вредност и близок на остварувањата на тајфата на мајсторот Никола Линотопски од Линотопската школа кој ја има работено црквата „Св. Димитриј“ во Палатица, Берско во 1570 г.

Поврзано Дебарско-кичевска епархија Бродско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Ореовец Категорија:Дела на Линотопската школа