„Кој го намести Жан Мусташ?“ (италијански: Chi ha incastrato Jean Moustache?) - роман за деца, дело на италијанските писатели Алесандро Гати и Давиде Моросиното и на илустраторот Стефано Туркони. Книгата е прв дел од серијалот „Мачки детективи“. Првобитно, книгата била објавена во 2014 година од издавачката куќа „Edizioni Piemme“ S.p.A.А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Кој го намести Жан Мусташ? Скопје: Арс ламина - публикации, 2015.
Изданија на македонски јазик Книгата е издадена на македонски јазик во 2015 година од Арс ламина - публикации, како дел од едицијата „Бестселери за деца“. Преводот од италијански јазик го извршила Анета Симовска. Лектурата е дело на Јасмина Ѓоргиева, а техничкото уредување е направено во Арс Ламина - публикации. Книгата е отпечатена во печатницата „Бранко Гапо - графичко производство“ од Скопје, во тираж од 1.000 примероци. Таа има 132 страници, со формат од 12 x 20 сантиметри. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака: ISBN 978-608-229-939-6 (едицијата) и ISBN 978-608-229-930-3.А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Кој го намести Жан Мусташ? Скопје: Арс ламина - публикации, 2015.
Содржина Книгата има десет глави:А. Гати - Д. Моросиното, Мачки детективи: Кој го намести Жан Мусташ? Скопје: Арс ламина - публикации, 2015. Воспитување на мачките Излет во мачешкиот мрак Мачки во акција! Остриги и ракови Препечена бонбона Слаткар во неволја Расфрлани ливчиња Ноќен телефонски повик Четири мачки и едно писмо Прошетка покрај Сена
Наводи
Категорија:Мачки детективи Категорија:Изданија на Арс ламина - публикации Категорија:Италијански романи Категорија:Книги од 2014 година Категорија:Појавено во 2015 година во Македонија