мини|Фотографија од Маргарет Лејнен Маргарет Лејнен (родена на 20 септември 1946 година) е американски палеокеанограф и палеоклиматолог. Во 2013 година, Лејнен била назначена за 11-ти директор на Институтот за океанографија Скрипс, како и за декан на Факултетот за морски науки на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего

Образование Во 1969 година Лејнен ја добила својата диплома како научник по геологија на Универзитетот во Илиноис, магистер по геолошка океанографија на Државниот универзитет во Орегон во 1975 година, и докторирала по океанографија во 1980 година на Универзитетот во Род Ајленд.

Почести Таа е избрана за член на Американското здружение за унапредување на науката и на Геолошкото друштво на Америка. Во 2016 година, таа била избрана за американски научен пратеник од Стејт департментот на Соединетите држави. Во 2020 година, Лејнен била избрана во Американската академија за уметности и науки и била именувана за член на Океанографското друштво.

Наводи

Категорија:Професори на Калифорнискиот универзитет (Сан Диего) Категорија:Членови на Американското здружение за унапредување на науката Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1946 година Категорија:Американски океанографи