Свети Никола — главна селска црква во крушевското село Белушино, Македонија.

Денес, црквата е запуштена поради иселувањето на христијанското население од селото.

Местоположба

Црквата се наоѓа во Долното Маало во селото Белушино, кое било населено со муслимани.

Храмот е гробишна црква.

Историја

Мештаните за црквата кажуваат дека е најстара во Прилепско и Крушевско и за нејзе кажуваат дека била „елимска“.

Според ктиторскиот натпис, изградена е и живописана во 1671/72 година.

Архитектура

Црквата е изградена од камен и била покриена со плочи. Таа е долга 7, а широка 3 метри. Надворешните ѕидови биле малтерисани.

Црквата е еднокорабна, ѕидана од камен и од глина.

Фрескоживопис

Во нејзе има зачувани фрески, иако дел од нив се уништени.

Фрескоживописот е близок на стилските разбирање на линотопските работилници.

Поврзано Крушевско-демирхисарско архијерејско намесништво Втора крушевска парохија Белушино

Наводи

Категорија:Белушино Белушино Категорија:Дела на Линотопската школа