Бљерим Сејдиу ( во Тетово) — македонски политичар и правник. Тој моментално е градоначалник на Општина Желино.

Животопис Образование и рана кариера По завршувањето на основното образование во основното училиште „Пашко Васа” во Групчин, го продолжил натамошното образование во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ” во Тетово. Своето високо образование го стекнал на Правниот Факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа со седиште во Тетово. Посдипломските студии ги завршил во Универзитетот ФОН во Скопје, при што се стекнал со научната титула магистер во областа на правните науки. Блерим Сејдиу има работено неколку години како правник. Тој бил секретар на ФК Шкендија во најуспешниот период на клубот во 2008-2011. Во периодот од 2010 до 2016 година бил и шеф на правниот оддел во Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје.

Политички живот На локалните избори во октомври 2017 година, Сејдиу го добил градоначалничкиот мандат во Општина Желино. Тој бил кандидат за градоначалник од редовите на Беса. На 29 октомври 2021 година, за време на локалните избри, Бљерим Сејдиу победил во вториот круг и станал старо нов градоначалник на Општина Желино.

Приватен живот Блерим Сејдиу е оженет и татко на две деца.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Тетово Категорија:Македонски Албанци Категорија:Градоначалници на Општина Желино Категорија:Апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа Категорија:Политичари од Беса Категорија:Луѓе од Групчин