Стојан М. Протиќ (Крушевац, 16/28 јануари 1857 — Белград, 28 октомври 1923) бил српски политичар, државник и публицист, едан од основачите на Народната радикална партија во Србија. Повеќе пати бил министер за финансии. После Првата светска војна ја образувал првата влада на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и бил прв нејзин премиер.

Биографија page=5|мини|лево|О Македонији и Македонцима, 1888 Нижа гимназија завршил во Крушевац, а виша во Крагуевац. Завршил на Историско-филолошкиот отсек на Великата школа во Белград. На Великата школа доста се истакнал, а едан од професорите му бил Стојан Новаковиќ.

За местото лидер на Радикалната партија се судрил со Пашиќ, но изгубил и водач на партијата станал Пашиќ. Нешто повеќе од година дена бил управник на Народната библиотека на Србија (1900—1901). Го издавал и го уредувал списанието „Дело“ и весникот „Одјек“ и го напишал одговорот на австроунгарскиот ултиматум на Србији во 1914 година.

Дела Стојан Протиќ ги напишал следниве дела:

„О Македонији и Македонцима“ (1888) „Албански проблем и Србија и Аустроугарска“ (1913) „Срби и Бугари у Балканском рату“ (1913) „Тајна конвенција између Србије и Аустроугарске“... (1919)

Надворешни врски Стојан Протиќ, О Македонији и Македонцима, 1888

Категорија:Премиери на Југославија Категорија:Родени во 1857 година Категорија:Починати во 1923 година Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград) Категорија:Починати во Белград