Казма или кирка — рачна алатка во облик на Т што се користи за копање и како лост. Главата, делот што се користи за копање, е типично метална, прикачена нормално на подолга рачка, традиционално направена од дрво, понекогаш од метал и сè повеќе од фиберглас.

Стандардна казма, има зашилен крај на едната страна од главата и широко рамно сечило „секира“ на другата страна. Главата е постепено закривена од едниот до другиот крај. Казмата доста често се изработува со две шила, едното малку подолго од другото.

Зашилениот крај се користи и за кршење и како лост, рамното сечило се користи како мотика, за гребење на слоеви и за пробивање низ корените.

Развиени како земјоделски алатки во праисторијата, овие алатки еволуирале во други алатки како што се плугот и копачот. Тие исто така се користеле во градежништвото и рударството и биле прилагодувани за војување.

Историја Во праисторијата, голем еленски рог од соодветен вид (на пр. црвен елен) често се сечел до неговата основа и се користел како казма со еден крак, а со него понекогаш се користела и плешка на големо животно како примитивна лопата. За време на војна во средновековни времиња, казмата се користела како оружје.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Градинарски алатки Категорија:Рачни алатки Категорија:Турцизми