Алесио Такинарди (роден на 26 јули 1975 во Крема) — поранешен италијански фудбалер, играч од средниот ред.
Ја започнал својата кариера во Аталанта. Во 1994 година, тој се преселил во Јувентус, каде што го поминал најголемиот дел од својата кариера, освојувајќи 17 трофеи; поради неговите успеси додека настапувал за клубот, Такинарди бил еден од 50-те играчи на Јувентус на кои нивните имиња биле испишани на новиот домашен терен на клубот, Стадион Јувентус. По двегодишната позајмица во шпанскиот клуб Вилјареал, тој се преселил во Бреша во 2007 година, каде и ја завршил својата кариера по една сезона помината во клубот.
За италијанската репрезентација, Такинарди одиграл 13 натпревари во периодот помеѓу 1995 и 2003 година.
Надворешни врски
Алесио Такинарди на soccerway Алесио Такинарди на transfermarkt Алесио Такинарди на espn Алесио Такинарди на whoscored
Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Виљареал Категорија:Фудбалери на ФК Бреша Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1975 година