Брегалничката епархија — епархија на МПЦ - ОА која се протега на територијата на градовите: Штип, Радовиш, Кочани, Пробиштип, Свети Николе, Македонска Каменица, Делчево и Виница. Ја возглавува Неговото Вископреосвештенство митрополитот г. Иларион.
Издавачката дејност во Епархијата е прилично развиена. Се јавуваат бројни црковно-канонски публикации. Брегалничката епархија го издава списанието „Троичник“, кој излегува од печат трипати годишно.
Митрополити Име Години науправување Митрополит Брегалнички г. Стефан 12 јули 1986 - 9 октовмри 1999 Митрополит Брегалнички г. Агатангел 26 ноември 2000 – 7 октомври 2006 Митрополит Брегалнички г. Иларион 22 август 2006 - денес
Административна поделба мини|Разгледница од Манастир Свети Пантелејмон, Кочанско, од 1909 година Брегалничката епархија е поделена на четири архијерејски намесништва, кои и тие се состојат од повеќе парохии:Трајановски Александар, (2008), Возобнување на Охридската Архиепископија како Македонска православна црква и нејзиниот шематизам, Скопје, 345. Штипско архијерејско намесништво со архијерејски намесник свештеник Николче Георгиев (сост. 2016 г.); Радовишко архијерејско намесништво со архијерејски намесник свештеник Иван Стојменов (сост. 2016 г.); Кочанско архијерејско намесништво со архијерејски намесник свештеник Атанас Пармачки (сост. 2016 г.); Делчевско архијерејско намесништво со архијерејски намесник свештеник Атанас Поповски (сост. 2016 г.);
Најпознати манастири и цркви:
Соборен храм „Св. Никола“, Штип Црква „Св. Троица“ - Радовиш Лесновски манастир - Св. Архангел Михаил Манастир Конче - Св. Стефан Манастир Пирог - Успение на Пресвета Богородица Црква Св. Јован Крстител, Штип Црква Св. Спас, Штип Црква Св. Архангел, Штип Црква Св. Никола, с. Крупиште Црква „Св. Илија“, Радовиш Манастир Св. Пантелејмон, с. Брест, Радовиш
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место