мини|300x300пкс| Поради синхроното вртење Месечината ротира околу својата оска за приближно ист период кој е потребен да кружи околу Земјата. Поради тоа, како резултат на синхроното вртење, ако се исклучи либрацијата, предизвикува Месечината цело време да биде свртена кон Земјата само со една страна, како што е прикажано на левата слика. (Се гледа полот на Месечината и не е прикажана во размер). Ако Месечината не ротира околу својата оска, од Земјата би се гледале наизменично нејзините блиски и далечни страни додека таа кружи околу Земјата, како што е прикажано на десната слика. мини|300x300пкс| Поглед отстрана на системот Плутон-Харон. Плутон и Харон се синхроно врзани еден со друг. Харон е доволно голем што барицентарот на кај Плутоновиот систем лежи надвор од Плутон; затоа Плутон и Харон понекогаш се сметаат за бинарен систем. Синхроно вртење (усогласено вртење, гравитациско врзување или зафатено вртење) — појава кога едно астрономско тело при орбитирањето е секогаш завртено со исто лице кон телото околу кој орбитира. Ова е познато како синхронизирано вртење: вртежниот период околу својата оска на синхроно врзаното тело е еднаков на орбиталниот период околу другото тело. На пример, Месечината е секогаш свртена со истата страна кон Земјата, иако има мали варијации бидејќи орбитата на Месечината не е совршен круг. Најчесто, само сателитот е синхроно врзан за поголемото тело. Меѓутоа, ако разликата во масата помеѓу двете тела и растојанието меѓу нив се релативно мали, синхроното вртење (врз другото) може да го врши било кое тело; таков е случајот со Плутон и Харон.
Овој ефект се јавува кога заемното гравитациско дејство на две астрономски тела го забавува вртењето на едното тело додека не настане синхроно вртење. Во текот на милиони години, силите на взаемните дејства ги менуваат нивните орбити и вртежна брзина како резултат на размената на енергија и губењето на топлина. Кога едно од телата ќе се најде во состојба во која веќе нема нето промена во неговата стапка на вртење за време на целосната орбита, се вели дека е синхроно врзано. Телото се стреми да ја задржи оваа состојба, а за да ја напушти треба да додаде енергија во системот.
При синхроно вртење не секогаш има и синхронизирано вртење. Таков е примерот со Меркур, оваа синхроно врзана планета ротира трипати околу својата оска на секои две обиколки околу Сонцето, 3:2 резонанца вртење-обиколка. Во посебен случај кога орбитата е речиси кружна и оската на вртење на телото не е многу навалена, како кај Месечината, синхроното вртење предизвикува истата полутопка на телото кое орбитира постојано да е свртена кон другото тело. Сепак, може да има мало отстапување поради варирање на орбиталната брзина на зафатеното тело и наклонетоста на неговата оска на вртење.
Механизам мини|Ако плимните испакнатини на телото (зелено) не се ускладени со главната оска (црвено), плимните сили (сино) дејствуваат со нето вртежен момент врз тоа тело го врти телото во насоката на ускладување Да земеме како пример две коорбитални тела, A и Б. Промената на брзината на вртење која е неопходна за синхроно вртење на телото Б со поголемото тело A е предизвикана од вртежниот момент со кој дејствува гравитацијата од A врз испакнатините што ги предизвикала на B преку плимни сили.
Гравитациската сила од телото А врз Б варира во зависност од растојанието; таа е најголема на најблиската површина до А и најмала на најоддалечената површина. Ова создава гравитациски градиент низ телото Б што малку ќе ја измени неговата рамнотежна форма. Телото Б ќе се издолжи по оската насочена кон А, и обратно, ќе се сплосне во ортогоналните насоки на оваа оска. Испупчувањата се познати како плимни испакнатини. (Кај Земјата, ваквите испакнатини можат да достигнат поместување до околу 0,4 метри). Кога B сè уште не е синхроно врзан, испакнатините се преместуваат по неговата површина поради орбиталните движења, при што една од двете „високи“ плимни испакнатини се преместува во близина на точката која е најблиска до телото А. За големите астрономски тела кои се речиси сферични поради сопствената гравитација, плимното деформирање создава издолжен сфероид, т.е. осино симетричен елипсоид кој е издолжен по неговата главна оска. И помалите тела се деформираат, но тоа е поретко.
Материјалот од Б пружа отпор на ова периодично преобликување предизвикано од плимната сила. Всушност, потребно е одредено време за Б да се преобликува во форма на гравитациска рамнотежа, и за тоа време веќе формираните испакнатини се преместуваат на одредено растојание од А-Б оската поради вртењето на Б. Гледано од далеку, точките на максимална испакнатост се поместени од оската насочена кон А. Ако вртежниот период на Б е пократок од неговиот орбитален период, испакнатините се преместуваат пред оската насочена кон А во насока на вртење, а ако вртежниот период на Б е подолг, испакнатините заостануваат.
Бидејќи испакнатините се сега поместени од А-Б оската, гравитациското привлекување од А на масата во нив предизвикува вртежен момент на Б. Вртежниот момент на испакнатината свртена кон А дејствува кон усогласување на вртењето на Б со неговиот орбитален период, додека "задната“ испакнатина, која е свртена во обратна насока од А, делува во спротивна смисла. Сепак, испакнатината на страната свртена кон А е поблиску до А од задната испакнатина за растојание приближно еднакво на пречникот на Б, и затоа гравитациската сила и вртежен момент кај неа се малку поголеми. Поради ова, нето вртежниот момент од двете испакнатини, секогаш е во насоката која дејствува кон синхронизирање вртењето на Б со неговиот орбитален период, што на крајот доведува до синхроно вртење.
Орбитални промени мини|300x300пкс| Во (1), сателит орбитира во иста насока (но побавно) на вртење со неговото родителско тело. Поблиската плимна испакнатина (црвена) го привлекува сателитот посилно од подалечната испакнатост (сина), со што ја забавува вртењето на родителот а истовремено додава нето позитивна сила (стрелките со точки ја покажуваат силата во нивните компоненти) во насока на орбитата, носејќи го во повисока орбита (плимно забрзување).Во (2) со обратно вртење, нето силата се спротивставува на насоката на сателитот на орбитата, и таа се намалува (плимно успорување). алт=Tidal Locking|мини| Ако вртењето е побрзо од обиколката, се јавува мал вртежен момент што се спротивставува на вртењето, и на крајот брзините се изедначуваат (ситуацијата прикажана со зелено) Во овој процес аголниот импулс е зачуван за целиот А-Б систем, така што кога Б ќе успори и ќе го изгуби вртежниот аголен импулс, неговиот орбитален аголен импулс се засилува за слична количина (исто така има и некои помали ефекти врз вртењето на А). Ова предизвикува забрзување на обиколувањето на Б околу А пропратено со со неговото вртежно забавување. Во другиот случај кога Б ротира пребавно, синхроното вртење ја забрзува неговата обиколка и ја намалува неговата револуција.
Зафат на поголемото тело Ефектот на синхроното вртење се јавува и кај поголемото тело А, но поспоро бидејќи гравитацискиот ефект на Б е послаб поради својата помала маса. На пример, вртењето на Земјата постепено се успорува од Месечината, за износ што станува забележлив со текот на геолошкиот временски период, како што е откриено во фосилните записи. Тековните проценки се дека ова (заедно со плимното влијание од Сонцето) помогнало да се продолжи Земјиниот ден од околу 6 часа на сегашните 24 часа (во период од над ≈ 4½ милијарди години). Во моментов, атомските часовници покажуваат дека денот на Земјата се продолжува, во просек, за околу 2,3 милисекунди за еден век. По доволно долго време, ова ќе предизвика меѓусебно синхроно вртење помеѓу Земјата и Месечината. Должината на денот на Земјата би се зголемила и би се зголемила и должината на месечевиот месец. Сидералниот ден на Земјата на крајот би имал иста должина како и орбиталниот период на Месечината, околу 47 пати подолг од денот на Земјата во моментов. Сепак, не се очекува дека Земјата плимно ќе се зафати за Месечината пред Сонцето да стане црвен џин и да ги лапне Земјата и Месечината.
За тела кои имаат слична големина, ефектот подеднакво ќе влијае на двете тела, и тие може плимно меѓусебно да се зфатат за многу пократок временски период. Таков пример е џуџестата планета Плутон и нејзиниот сателит Харон. Таму, Харон е видлив само од една полутопка на Плутон и обратно. Занесени орбити Кај орбити со поголема занесеност, стапката на вртење се стреми да се зафатат со орбиталната брзина кога телото е во периапсида, која што е точка на најсилно плимно дејство помеѓу двете тела. Ако телото што орбитира има придружник, ова трето тело може да предизвика стапката на вртење на матичното тело да осцилира. Ова взаемно дејство, исто така, може да доведе до зголемување на орбиталното занесување на телото кое кружи околу примарното – ефектот е познат како пумпање на занесувањето.
Во одередени случаи кога орбитата е занесена, а плимниот ефект е релативно слаб, помалото тело може да добие таканаречена вртежно-орбитална резонанца, наместо да биде синхроно врзано. Овде, односот на вртежниот период на телото кон неговиот орбитален период е проста дропка различна од 1:1. Добро познат е случајот на вртење на Меркур, која е зафатат со сопствената орбита околу Сонцето во 3:2 резонанца.
Многу вонсончеви планети (особено оние блиску до ѕвездата) се очекува да бидат во вртежно-орбитална резонанца повисока од 1:1. Земјовидна планета слична на Меркур може, на пример, да биде зафатена во 3:2, 2:1 или 5:2 вртежно-орбитална резонанца, со веројатност секоја од овие да зависи од орбиталното занесување.
Појава
Месечини мини|Поради синхроното вртење, жителите на централното тело никогаш не ја гледаат зелената површина на сателитот. Сите деветнаесет познати месечини во Сончевиот Систем кои се доволно големи за да бидат тркалезни се синхроно врзани со нивните примарни тела, бидејќи орбитираат преблиску и плимната сила брзо се зголемува (како кубна функција) со намалување на растојанието. Од друга страна, неправилните надворешни сателити на гасовитите џинови (на пр: Феба), кои орбитираат многу подалеку од големите месечини, не се синхроно врзани.
Плутон и Харон се екстремен пример за синхроно вртење. Харон е релативно голема месечина во споредба со нејзиното примарно тело, и исто така има многу блиска орбита. Ова предизвикува Плутон и Харон да се меѓусебно синхроно врзани. Другите месечини на Плутон не се синхроно врзани; Стикс, Никта, Кербер и Хидра хаотично ротираат поради влијанието на Харон.
Синхроното вртење кај астероидните месечини е во голема мера непознато, но се очекува бинарните системи со блиски орбити да бидат синхроно врзани, како и контактните бинарни системи.
Земјината Месечина мини| Бидејќи Месечина е 1:1 синхроно врзана со Земјата, само едната страна е видлива од Земјата. Кај Месечината вртењето и обиколката се синхроно врзани, така што од Земјата секогаш се гледа истата полутопка на Месечината. Далечната страна на Месечината не била видена до 1959 година, кога биле направени фотографии од поголемиот дел од далечната страна од советското вселенско летало Луна 3.
Кога Земјата се гледа од Месечината, изгледа како да Земјата не се движи по небото, туку цело време стои на истото место ротирајќи околу сопствената оска.
И покрај тоа што вртежните и орбиталните периоди на Месечината се зафатени, од Земјата може да се види околу 59 проценти од вкупната површина на Месечината (со повторени набљудувања), поради феноменот на либрација и паралакса. Либрациите се првенствено предизвикани од промените во орбиталната брзина на Месечината поради занесувањето на нејзината орбита: ова овозможува да се видат уште околу 6° долж нејзиниот периметар од Земјата. Паралаксата е геометриски ефект: на површината на Земјата не се наоѓаме на замислената линија кој поминува низ центрите на Земјата и Месечината, и поради тоа можеме да видиме малку (околу 1°) повеќе од далечната страна на Месечината кога таа е на нашиот локален хоризонт.
Планети