Св. Никола — црква во прилепското село Чепигово, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на селото. Изградена е во XIX век. Претставува мала еднокорабна градба со покукружна апсида и подоцна дограден трем на западната страна. За време на Првата светска војна храмот значително настрадал. Подоцна е возобновен.
Слики
Поврзано Тополчанска парохија Прилепско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Чепигово