Македонија учествуваше на Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 година, кој се одржа на 20 ноември 2016 година, во Валета, Малта. За организирање на нивното учество на натпреварот беше одговорен македонскиот радиодифузер Македонската радио телевизија (МРТ). Мартија Станојковиќ беше интерно избрана да ја претставува Македонија со песната „Love Will Lead Our Way“.

Заднина Пред натпреварот во 2016 година, Македонија учествувала единаесет пати на Детската Евровизија, од нејзиното деби на инаугуративниот натпревар во 2003. Македонија двапати отсуствуваше на Детската Евровизија во 2012 и 2014. Тие никогаш не победиле на натпреварот, а најдобри резултати биле во 2007 и 2008, претставени од дуото Росица Кулакова и Димитар Стојменовски, односно Боби Андонов, освојувајќи го петтото место.

Пред Детска Евровизија Македонскиот радиодифузер на 19 јули 2016 година објавил дека ќе учествуваат на натпреварот планиран да се одржи на 20 ноември 2016, во Валета, Малта. На 24 јули 2016, МРТ објавил дека внатрешно ја избрале Мартија Станојковиќ да ги претставува во Малта. Нејзината песна за натпреварот, „Love Will Lead Our Way“, била објавена на 10 октомври 2016.

Информации за песната

Love Will Lead Our Way „Love Will Lead Our Way“ е песна на македонската пејачка Мартија Станојковиќ. Ја претставувала Македонија за време на Детската Евровизија 2016. Компонирана и напишана е од Александар Масевски и Мартија Станојковиќ. Официјалното музичко видео за песната било објавено на 10 октомври 2016.

На Детска Евровизија За време на церемонијата на отворањето и ждрепката за утврдување на редоследот што се одржала на 14 ноември 2016, Македонија беше извлечена да настапи седма на 20 ноември 2016 година, по Бугарија и пред Полска.

Финалето се емитуваше во Македонија на МРТ 1.

Финале Мартија настапила со три танчери. И покрај тоа што беа фаворит за победа на натпреварот, тие го освоија само 12-тото место.

Гласање За време на прес-конференцијата за Детската Евровизија 2016, одржана во Стокхолм, Референтната група објави неколку промени во форматот на гласање за натпреварот за 2016 година. Претходно, поени беа доделени врз основа на комбинација од 50% национални жирија и 50% телефонско гласање, со уште еден збир на поени, исто така, дадени од „детско жири“. Сепак, оваа година, бодовите ќе се доделуваат врз основа на комбинација од 50/50 од возрасно и детско жири од секоја земја, што ќе ги објави портпарол. За прв пат од инаугурацијата на конкурсот, процедурата за гласање нема да вклучува јавно телевизиско гласање. По овие резултати, три стручни поротници исто така ќе ги објават своите поени од 1–8, 10 и 12. Овие професионални поротници биле: Кристер Бјоркман, Мадс Гримстад и Џедвард.

+ Points awarded to Macedonia Score Adult and expert juries Kids juries 12 бодови 10 бодови 8 бодови 7 бодови 6 бодови 5 бодови 4 бодови 3 бодови 2 бодови 1 бод

+ Points awarded by Macedonia Гласови Возрасно жири Детско жири 12 бодови 10 бодови 8 бодови 7 бодови 6 бодови 5 бодови 4 бодови 3 бодови 2 бодови 1 point

Наводи

Категорија:Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија Категорија:Македонија во 2016 година