„Наскоро ќе дојде пропаста на светот“ (српски: Биће скоро пропаст света) — југословенски филм од 1968 година во режија на Александар Петровиќ. Главните улоги ги играат: Ани Жирардо, Мија Алексиќ, Ева Рас, Драгомир Бојаниќ Гидра итн.РТС, Биће скоро пропаст света (пристапено на 16.12.2021)
Синопсис Во едно село во Војводина, сопственикот на кафеаната е во кавга со свињарот. За да му се одмазди, кафанџијата со помош на другарите успева да го убеди полупијаниот свињар да се ожени со една девојка со интелектуална попреченост. Во меѓувреме, во селото доаѓа млада учителка во која се вљубува свињарот. Набргу, тој ја убива жена си, а неговиот татко ја прима вината врз себе. Меѓутоа, со текот на времето, селаните го откриваат вистинскиот убиец, го врзуваат во камбанаријата и тој умира распнат меѓу камбаните.
Наводи
Категорија:Филмови од 1968 година Категорија:Српски филмови Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови на Александар Петровиќ Категорија:Филмови со Ани Жирардо Категорија:Филмови со Мија Алексиќ Категорија:Филмови со Ева Рас Категорија:Филмови со Драгомир Бојаниќ Гидра Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Војводина Категорија:Филмови поврзани со убиства