Барокна уметност е сликарството и вајарството во времето на барокот, движење често асоцирано со апсолутизмот и Противреформацијата. Меѓутоа постоењето на знаќајна барокна уметност и архитектура во неапсолутистички и протестантски земји го побива ова мислење.

Сликарство На Тридентскиот собор (1545-63) Римокатоличката црква дала многу одговори на прашањата за внатрешна реформа поставени како од протестантите, така и од оние кои останале католици. На соборот се дискутирала и претставителната уметност, и се дошло до решение дека сликарството и вајарството во црковен контекст треба да им зборува на неписмените, а не на добро информираните.

thumb|300px|right|Рождество Христово од Жозефа де Обидос, 1669, Национален музеј на древна уметност, Лисабон Поради ова барокната уметност има тенденција кон прикажување на светци, Дева Марија и други добро познати библиски приказни. Според многу историчари на уметноста овој пресврот кон популистичка замисла за улогата на духовната уметност бил двигателот за иновациите на Караваџо и браќата Карачи - сите овие уметници работеле (и се натпреварувале во нарачки) во Рим околу 1600. Меѓутоа иако религиозното сликарство, историското сликарство, алегориите и портретурата сѐ уште се сметале за најблагородните содржини, мошне чести биле и пејзажот, мртвата природа и жанровските сцени.

Барокната уметност се одликува со голема драматизација, богата и длабока боја и силни светла и сенки. Наспроти ренесансната уметност, која обично прикажува момент пред случувањето на некој настан, барокните уметници го одбирале најдраматичниот момент, моментот на самото дејствие: Микеланџело кој работел во високата ренесанса го прикажува Давид во смирена состојба пред да се бори со Голијат; Берниниевиот барокен Давид пак, е прикажан на самиот чин на фрлање на каменот. Барокната уметност имала за цел да пробуди чувства и страст наместо смирена рационалност која била ценета во ренесансата.

Поврзано Барокно илузионистичко сликарство

Важни барокни сликари

Италијански Караваџо (1571-1610) Гверчино Анибале Карачи (1560-1609) Орацио Џентилески (1563-1639) Артемизија Џентилески (1592-1652/53) Агостино Карачи Лудовико Карачи

Португалски Жозефа де Обидос (1630-1684)

Фламански Петер Паул Рубенс Антонис ван Дајк Јакоб Јорданс Јан Пројгел Постариот Франс Снајдерс Давид Теније Помладиот

Француски Жан де Богран (1584-1640) Жорж де Ла Тур (1590-1652) Никола Пусен (c. 1594-1665) Клод Лорен (1600-1682) Ијасент Риго (1659-1743)

Холандски Рембрант Франс Халс Јакоб ван Рејсдал Јан Вермер Јан Стен

Шпански Франциско Рибалта (1565 - 1628) Хосе де Рибера , (1591 - 1652) Франсиско Сурбаран (1598 - 1664) Диего Веласкес (1599 - 1660) Алонзо Кано (1601 - 1667) Бартоломе Естебан Муриљо (1617 - 1682) Хуан де Валдес Леал (1622 - 1690)

Вајарство Несомнено е дека најважниот барокен вајар е Џанлоренцо Бернини (1598-1680), кој му се доближил на Микеланџело во неговите сестрани способности. Бернини бил вајар, архитект, сликар, драматург и припремач на спектакли. Во доцниот XX век Бернини бил највреднуван за неговите склуптури, за неговата виртуозност во резбањето на мермер и неговата способност за создавање на ликови кои во едно го имаат и диховното и физичкото. Бил и одлчен портретист кого моќниците го барале да им изработува бисти.

Барокни вајари и архитекти Џанлоренцо Бернини (1598-1680) Франческо Боромини (1599-1667) Клод Перо (1613-1688), французин