Воведение на Пресвета Богородица (или Св. Богородица Пречиста) — црква во преспанското село Љубојно. Му припаѓа на Ресенското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е сместена во источниот дел на селото. Низ годините врз неа се извршени многу промени. Претставува мала еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и влез од запад. На југозападниот агол има немалтерисан камен на кој е издлабена годината 1852. Дел од иконите на иконостасот исто така говорат дека во средината на ХІХ век се направени големи измени во храмот. Другиот дел од иконите се од периодот од 1929 до 1937 година. На источниот ѕид на олтарниот простор е зачуван живопис, кој според стилските особености се датира во XVII век. Внимание заслужуваат композициите „Богородица со Христос“ во калотата на апсидата и „Вознесение Христово“ во горните партии.
Слики
Поврзано Подмочанско-љубојнска парохија Ресенско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Љубојно