Црква „Вознесение Христово“ (позната и како Свети Спас) — помала селска црква кај битолското село Маловиште, Македонија.

Поради оддалеченоста од селото и височината на која се наоѓа (1.910 метри), храмот повеќе е посетуван од страна на планинарите.

Местоположба

Црквата е сместена високо во атарот на Маловиште, на надморска височина од 1.910 метри, во подножјето на врвот Вртешка (Вртушка) на Баба.

Историја

Овој мал селски храм бил изграден во 1930-тите години на место каде некогаш имало голем карпест блок.

Архитектура

Претставува еднокорабна градба до влез од југ и полукружна апсида на исток. Камбанаријата на карпата пред храмот е еден од најфотографираните мотиви од Националниот парк „Пелистер“, на чие подрачје се наоѓа храмот. До црквата стои планинарскиот дом кој често се користи од искачувачите.

Фрескоживопис

Црквата не поседува живопис.

Икони и иконостас

Во црквата има импровизиран иконостас од ламперија на која се наоѓаат повеќе икони.

Галерија

Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Прва ресенска парохија Маловиште

Наводи

Надворешни врски

Маловиште