Ајран — ладен пијалак на основа на јогурт, популарен низ Западна Азија, Средна Азија, Јужна Азија, Југоисточна Европа и Источна Европа. Главните состојки се јогурт, вода и сол. По желба може да се додадат некои билки, на пример нане. Постојат и газирани видови ајран.
Етимологија Ајран (airag на монголски: „млеко од кобила“, уйран на чувашки: „матеница“) се споменува во Диван Лугат ал-Турк (Dīwān Lughat al-Turk) на Махмуд ал-Кашгари од XI век, иако тој не дава никакви информации како се прави.
Подготовка Ајранот се служи разладен и често како додаток на месо на скара или ориз, особено во текот на летото. Се прави со мешање на јогурт со ладна вода и понекогаш е газиран и зачинет со нане. Опишан е на различни начини, како „разреден јогурт“ и како „најосвежителен пијалак направен со мешање на јогурт со ледена вода“.Lake Van and Turkish Kurdistan: A Botanical Journey P. H. Davis The Geographical Journal, Vol. 122, No. 2 (Jun., 1956), pp. 156–165 Published by: The Royal Geographical Society (with the Institute of British Geographers) Article
Традиционалниот начин на подготовка на пијалакот меѓу различни ирански народи е директно од млеко со користење на мешина. Ова се прави со турање на млекото во мешината, обично направена од еленска или овча кожа, и матење со часови, понекогаш со помош на дрвена конструкција за мешината да се држи над земја со помош на волнени врвци за да се олесни задачата.
Историја Ајранот го развиле и го пиеле туркиските племиња. Слични пијалаци може да се најдат и на други места, како што е до (دوغ) на персиски јазик, кој е ирански ферментиран пијалак. Истиот долго време бил популарен пијалак и се консумирал во Антички Иран (Персија). Во документи од 1886 година е опишан како ладен пијалак од засирено млеко и вода зачинета со нане. неговото име „до“ (Doogh) потекнува од персискиот збор за молзење, dooshidan.
Други слични пијалаци вклучуваат тан во Ерменија и ласи во Јужна Азија и се популарни во азиските земји; сепак, кои може да се разликуваат од дото.
Варијации Во ајранот може да се додаде сол, црн пипер, суво нане или сок од лимета. Може да се додадат краставици исечени на коцки за да се добие крцкава текстура на пијалакот. Некои видови на ајран се газирани. Во Албанија овој пијалак се служи нормално за време на ручек или вечера, обично со ориз и кофте. Во балканските земји, пијалакот обично се консумира за појадок или ручек, обично во комбинација со печива како баница, бурек или други тестенини.
Турски национален пијалак Реџеп Тајип Ердоган, турски политичар кој бил претседател и премиер, го промовирал ајранот како национален пијалак. Говорејќи на конференцијата за глобална политика за алкохол на СЗО во 2013 година одржана во Истанбул, Ердоган го спротивстави ајранот со алкохолот, за кој тврдел дека е неодамнешен вовед во Турција.
Сепак, продажбата на ајран во Турција заостанува зад другите безалкохолни пијалаци. Според заедничката изјава од 2015 година на Здружението на производители на безалкохолни пијалаци, Здружението на производители на газирана вода и Унијата на производители и извозници на млеко на Турција, потрошувачката на ајран за време на Рамазан секоја година се намалувала во периодот од 2010 до 2015 година.
Во 2015 година, Турското министерство за царина и трговија му дала казна од 220.000 турски лири (околу 70.000 американски долари) на државниот производител Чајкур, наведувајќи дека ајранот бил „навреден без причина“ во една од нивните реклами за ладен чај, во која раперот Цеза рапува дека ајранот го заспива; Министерството ги стопирало рекламите на ладен чај на Чајкур.
Галерија
Наводи
Надворешни врски FAO international standards
Категорија:Ферментирани пијалаци Категорија:Млечни производи Категорија:Турска кујна Категорија:Турцизми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ