Свети Ѓорѓи“ — главна селска црква во битолското село Рамна, Македонија.
Местоположба
Црквата е сместена во малото Горно Маало на селото, каде некогаш се наоѓало старото село. До нејзе води тесен земјен пат од денешното село.
Историја
Црквата била изградена во 1861 година.
Архитектура
Претставува трикорабен храм со затворени припрати (тремови) на две страни (запад и југ).
Состојбата на градбата на црквата е многу лоша, при што се забележува отклонување на фасадни ѕидови и прокиснување.
На црквата била извршена одредена реконструкција во 2005 година кога биле изведени тремови за прв пат и бил променет покривот.
Фрескоживопис
Црквата е живописана во 1861 година, иако во нејзе продолжило да се работи и кон крајот на век.
Живописот се наоѓа во многу лоша состојба, присутни се оштетувања од пукнатини и протекувања, соли и потребно е да се изврши конзервација и реставрација во пократок временски период.
Галерија
Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Прва ресенска парохија Рамна
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Рамна