Свети Илија — главна гробишна црква во битолското село Велушина, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во самото село, сместена во јужниот дел на селото, на почетокот на патот за Велушкиот манастир („Св. Ѓорѓи“).
Архитектура
Претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на источната страна и калкански покрив. Од југ и запад има отворен трем потпрен на дрвени столбови. Храмот има засводен влез од југ.
Фрескоживопис
Во наосот нема траги од живопис. Во апсидата се зачувани фрески на Богородица со Малиот Христос, како и четворица архијереи во долното подрачје, които по стилските особености се датираат во XVIII век, со тоа и самата црква.
Иконостас
На стариот обичен иконостас има икони од втората половина на XVIII и почетокот на XIX век.
Галерија
Поврзано Битолско архијерејско намесништво Бистричка парохија Велушина
Наводи
Надворешни врски
Велушина