Прв конгрес на НОМСМ (Народноослободителен младински сојуз на Македонија) ― конгрес одржан на 22 декември, 1943 година во Фуштани, егејскиот дел на Македонија.

Учесници На Конгресот присуствувале околу 280 делегати од целата територија на Македонија, од единиците на младата Македонска војска, потоа делегати од албанската, грчката и бугарската младина, делегатот на Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ - Светозар Вукмановиќ-Темпо, како и целокупното партиско и воено раководство на Македонија и членовите на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ.

На Конгресот во Фуштани бил конституиран Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ) и избран негов Главен одбор од 25 члена. Била донесена одлука за вклучување на НОМСМ во составот на УСАОЈ ѝ биле донесени два реферата, усвоена Резолуција за црните задачи на младината на Македонија, упатен бил ѝ Проглас до младината на Македонија. Со изборот на Главниот одбор на НОМСМ завршил процесот на конституирање на антифашистичката младина на Македонија.

Поврзано

Вториот конгрес на НОМСМ Народноослободителен младински сојуз на Македонија

Наводи