Св. Илија — црква во прилепското село Веселчани , претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен јужно од селото. Подигната е и осветена на 28 септември 1857 година од митрополитот Венедикт Византиски. Има убав насликан иконостас од дрво. Храмот е живописан во 1860 г. од „Станко Зограф, Мијак од Крушево“.

Поврзано Тополчанска парохија Прилепско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Веселчани