мини|Остатоци од утврдувањето кај Амфипол и древниот Амфиполски мост. мини|десно|250п|Карта на Амфипол и околината Амфипол ― значаен антички град во областа Бисалтија, на утоката на реката Струма (тогашен Стримон). Географска положба и основање лево|мини|Монетоковање од Амфипол - Прва македонска мерида Сместен е во плодородна рамнина и со значајна стратегиска позиција. Основан е како атинска колонија, која Филип Ⅱ ја освојува во 357 година пр.н.е. Градот станува еден од најзначајните македонски пристаништа на Егејското Море, центар за експлоатација на пангејските рудници (за злато и сребро) и центар за трговија со Тракија. Под римска власт (од 148 г. пр.н.е.) е главен град на Првата македонска област, а по примањето на христијанството е епископско седиште. Забележан во римските итинерарии и во Табула Поинтегериана како раскрсница на Вија Егнација. Останува значаен град до крајот на антиката. Градот е познат како еден од првите епископски седишта, кого уште во Ⅰ век од нашата ера со христијанската мисија го посетува апостол Павле.лево|мини|Амфиполскиот лав|271x271пкс
мини|Мозаична претстава на Грабнувањето на Персефона од Плутон, со претстава на Филип и Олимпија Македонски.
Музеј Наодите од древниот град се претставени во Ениќојскиот археолошки музеј на извесно растојание од наоѓалиштата.
Поврзано Амфиполски лав — познат древен споменик Амфиполски мост — древен мост Прва македонска мерида Македонско-римски војни
Наводи
Надворешни врски Древната гробница во Амфипол(ис) не е изградена, туку е природен рид
Категорија:Античка Македонија Категорија:Градови во Кралството Македонија Категорија:Престолнини на Кралството Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Населени места основани во 5 век п.н.е.